Голем скок на реалните плати во Германија
29 мај 2024Зголемувањата на тарифите и бонусите за компензација на инфлацијата се причина за значителното зголемување на бруто платите во Германија во првиот квартал од годинава. Во споредба со истиот период лани, номиналната заработувачка се зголемила за 6,4%, соопшти Сојузниот завод за статистика.
Со оглед на тоа што во истиот период цените се зголемиле за само 2,5%, реалните плати бележат скок од 3,8%. Тоа е најголем скок на реалните плати од 2008 година досега.
Натпросечни зголемувања има првенствено во секторите со висок процент на јавни услуги. Покрај тоа, најголема полза од ваквиот развој имаат вработените со релативно ниски примања.
Економските експерти сметаат дека во текот на целата 2024 година ќе биде забележан голем плус на заработувачката. „За тековнава година може да се очекува натамошно зголемување на реалните плати, особено поради минатогодишните одлуки за зголемување на платите и падот на инфлацијата“, се вели извештајот на т.н. економски муреци направен за германската влада. Сепак, според нив, треба да се очекува во текот на 2025 година реалните плати „да се вратат на нивните нивоа пред пандемијата“.